Голем пожар избувна на депонијата Шапкар кај селото Добрашинци на која се депонира комуналниот отпад од општините Струмица и Василево.
Градоначалникот на општина Василево Јанев кој се наоѓа на лице место, информира дека пожарот зафатил поголема површина, а силниот ветар го проширува кон површините на АД Струмичко Поле и населеното место Доброшинци.
Во гаснењето на пожарот учествуваат екипи на ЈПКД „Комуналец“ од Струмица и механизацијата на АД Струмичко Поле.
Упатуваме апел до граѓанитекои имаат потреба од движење во овој реон, да бидат крајно внимателни бидејќи поради густиот чад попречено е нормалното одвивање на сообраќајот.





