Денес, во населеното место Сушево поставен е камен -темелник на црковен храм, параклис, во чест и спомен на Св. Тројца, со благослов на надлежниот архиереј на Струмичката православна епархија на МПЦ – Охридска епископија, неговото високо преосвештенство митрополитот струмички господин, господин Наум, Светиот чин беше изведен од страна на свештеници од Струмичката епархија.
На поставувањето на камен-темелникот, присуствуваше и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој изрази благодарност до ктиторот и вети уредување на просторот околу параклисот.
„Општина Василево секогаш стои зад црквата, а во иднина, после изградбата на параклисот, општината ќе го уреди околниот простор и ќе створи пријатно катче во кое жителите ќе се одмараат, дружат и воопшто ќе се чувствуваат убаво“, порача градоначалникот Андонов, на денешниот свет чин на поставување на камен темелникт на параклисот во населеното место Сушево.





