Новогодишни пакетчиња од Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес добија првачињата кои настава посетуваат во населените места Василево и Нова Маала.
Среќа, здравје, весели празнични денови исполнети со детски игри им посака Градоначалникот, а тие за возврат, искрено, детски му се заблагодарија со песнички.
Насмевките на нивните лица беа најдобриот показател за детската радост и задоволството од подароците.
Ова е традиционален начин на кој општината и градоначалникот им ги разубавуваат празниците на најмалите ученици.
Во наредните денови, пакетчиња ќе добијат и првачињата кои настава посетуваат во подрачните училишта низ населените места на општина Василево.





