Првачињата од ООУ „Гоце Делчев“, станаа членови на Детската организација

Денес за  првачињата од ООУ „Гоце Делчев“, Василево, беше одржан свечен настан за прием во Детската организација.

Вкупно 65   првачиња  кои настава посетуваат во централното училиште во Василево и подрачните низ населените места Ангелци, Владевци, Сушево, Седлараци, Едрениково, Радичево и Дукатино, сложно во еден глас дадоа ветување дека ќе бидат умни, вредни, посветени на училишните обврски, дека ќе ги почитуваат наставниците но и дека ќе другаруваат, а за ненамерните грешки побараа прошка.

Честитки по повод нивното стапување во Детската организација им упатија директорот на ООУ „Доце Делчев“, Дејан Стојанов и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов кој упатувајќи им желби за добро здравје и среќни и весели училишни денови исполнети со знаење и игра им порача дека ќе продолжи да ги подобрува условите во кои се образуваат бидејќи како што рече светот останува на нив, најмалите, нашата гордост и радост.

„Драги деца светот останува на вас.  Вие сте  нашата гордост, нашата радост. Вашите ветувања дека ќе ги почитувате наставниците, дека вредно ќе учите, дека ќе  другарувате и ќе бидете умни и вредни деца се наш мотив и  обврска секојдневно да ги подобруваме условите за вашиот раст и развој, да вложуваме во вашата сегашност како гаранција за подобра иднина за сите нас“, им порача градоначалникот Андонов.

Во знак на благодарност и почит кон градоначалникот, учениците му подарија стаклена изработка, на која се изгравирани детските права.

DSC_0354_1024x681 DSC_0361_1024x681 DSC_0364_1024x681 DSC_0372_1024x681 DSC_0389_1024x681 DSC_0398_1024x681 DSC_0404_1024x681 DSC_0419_1024x681 DSC_0427_1024x681 DSC_0429_1024x681 DSC_0433_1024x681 DSC_0466_1024x681 DSC_0478_1024x681

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail