Од денес, првачињата од општина Василево станаа членови на најголемото детско семејство- Светската детска организација. На свечениот настан организиран во двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ и „Атанас Нивичански“ пред своите родители, наставници и другарчиња, првачињата дадоа ветување дека ќе учат, ќе ги почитуваат возрасните и наставниците, ќе бидат вредни и умни и ќе другаруваат.
Многу здравје, среќа, успех во учењето и безгрижно и весело детство им посакаа првите луѓе на училиштата, Стојан Тимов- директор на ООУ „Гоце Делчев“ и Соња Ничева- директорката на ООУ „Атанас Нивичански“.
Честитки по повод зачленувањето во Светската детска организација им упатија и претставниците од општина Василево, кои од името на локалната самоуправа и градоначалникот Марјан Јанев им ветија поддршка во реализацијата на нивните проекти и активности. Со подарок школкски прибор, локалната самоуправа дополнително им го разубави на првачињата, овој за нив посебен ден.