Првачињата седнаа во училишните клупи

Вкупно 141 прваче од општина Василево, денес за прв  седнаа во училишните клупи. Во ООУ „Гоце Делчев“ во чиј состав се и подрачните училишта во населените места Дукатино, Радичево, Владиевци, Сушево, Ангелци, Седларци и Едрениково, бројот на првачиња е 92, но според информацијата од директорката г-ѓа Емилија Котева, оваа бројка не е конечна, се очекува нејзино зголемување, бидејќи според евиденцијата што ја имаат а и искуствата од претходните години, дел од првачињата се запишуваат со извесно задоцнување, во месец септември. Во ООУ „Атанас Нивичански“ од Нова Маала во чиј состав се и подрачните училишта во населените места Доброшинци, Висока Маала и Чанаклија, до денес,  запишани се 49 првачиња, но и овде, како што информираше директорката г-ѓа Соња Ничева,  бројката не е конечна и очекуваат нејзино зголемување. Причините се исти како и во Василево.

Среќен почеток на првачињата им посакаа нивните директорки и градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, кои им порачаа многу петки, многу успеси но и многу дружење и убави моменти во текот на школувањето.

Преку игра и песна, добредојде во училиштето и среќен почеток на првачињата им посакаа и нивните повозрасни другарчиња.

Градоначалникот, од име на општината, првиот училишен ден на првачињата им го разубави и со пригодни подароци.

DSC_1010

DSC_1012

DSC_1015

DSC_1019

DSC_1031

DSC_1035

DSC_1047

DSC_1049

DSC_1057

DSC_1059

DSC_1061

DSC_1072

DSC_1077

DSC_1082

DSC_1085

DSC_1086

DSC_1097

DSC_1100

DSC_1101

DSC_1114

DSC_1120

DSC_1138

DSC_1146

DSC_1155

DSC_1135

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail