Премиерот на Р.Македонија, г-дин Никола Груевски ја посети општина Василево. По посетата на локалната самоуправа и средбите и разговорите со граѓаните, посетата продолжи во индустриската зона КО Градошорци и посета на компанијата Евромак.
Премиерот Груевски заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт г-дин Марјан Спасески и градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, го предадоа во употреба новоизграденото дупло тениско игралиште во с. Ангелци.





