Општина Василево, односно градежната компанија Универзал Градба, ДООЕЛ Струмица која на трендерот понуди најповолна понуда, тековно работи на изградба на повеќенаменското игралиште во населено место Нова Маала. Истото е планирано со Програмата за уредување на просторот на градежното земјиште во руралните подрачја на општина Василево за 2021 година.
Согласно документацијата игралиштето ќе биде оградено, опремено со кошеви и стативи и осветлено, со што ќе има иуслови за играње на повеќе видови спортови.
Вкупниот Буџет за изградба на ова игралиште изнесува околу 3000 000 денари и истите се обезбедени од Буџетот на општина Василево.
Како што информира градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, игралиштето треба да е готово до крајот на овој месец.





