Продолжува посетата на градоначалникот Андонов, на општина Согут, Република Турција

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во рамки на посета на општина Согут, Република Турција, чиј повод е свечен настан организиран во чест и сеќавае на на Ертугрул Гази- основач на Отоманската империја,  оствари средба со министерот за енергетика и човечки ресурси во Владата на Република Турција. Fatih Dònmez. „На мое огромно задоволство остварив средба со Fatih Dònmez министер за енергетика и човечки ресурси во Владата на Република Турција“, информира преку социјалните медиуми, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, за активностите во текот на тридневната посета.

Во рамки на посетата, од страна на општина Василево, до општина Согут, доставено е и писмо со намери за збратимување на двете општини.

„Продолжуваме да работиме, Општина Василево да биде меѓународно препознаена и афирмирана“, напиша по тој повод градоначалникот Андонов, чија посета продолжува со присуство на свеченостите организирани од страна на општина Согут.

2_768x768 3_768x768 4_768x768 5_768x768

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail