„По барање на граѓаните пролетното чистење на улиците продолжи во с.Едрениково“, информира градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, преку официјалниот ФБ профил на општина Василево, https://www.facebook.com/o.vasilevo/about.
Активноста, како и оние од претходните денови во кои се чистеше на други локации низ населените места на општина Василево, ја спроведуваат екипите на ЈПКД „Турија“, со механизација и рачно, зависно од условите и потребите на конкретната активност.
Во населеното место Едрениково конкретно е работено на отстранување на наталожениот земјен нанос од асфалтната коловозна лента, како и порамнување на земјените патишта.
Пролетните еко-активности низ населените места на општина Василево продолжуваат и во наредниот период.





