Денес во општина Василево во подрачјето на Ангелци, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги промовираше успешно реализираните проекти „Заеднички работен простор – средство за зајакнување на соработката со бизнис секторот“ и „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“ , реализирани со финансиска поддршка од Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа. Агрометереолошките станици се поставени во околината на Ангелци и Пиперево со опфат од вкупно 60 ха.
Заинтересираните граѓани дополнително може да се информираат на веб страната: https://www.agrojug.mk/#mobilna-aplikacija, на facebook страницата на Meteobot, https://www.facebook.com/meteobot.mk како и на телефонскиот број 071/874-769, кај лицето за соработка од општина Василево.