По синоќешното свечено отварање на кое присуствуваше и градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, вечерва продолжуваат натпреварите на четвртиот по ред турнир во улична кошарка Street Basket – Владевци 2016. Почетокот е во 20,00 часот, ќе се одиграат вкупно шест натпревари и тоа:
20,00 ч. Нипром – Чардак, Босилово
20,25 ч. Авто парк Ване – Универзал градба
20,50 ч. Мебел Белакоција 29 – МТ промет Џордан
21,15 ч. Книжарница 5+ – Жито југ, Кавадарци
21,40 ч. Авто парк Ване – МТ промет Џордан
22,05 ч. Универзал градба – Мебел Белакоција 29
Распоредот за утре, (петок, 26.08 2016 г.) е следниот:
20,30 ч. А1 – Б4
21,00 ч. Б2 – А3
21,30 ч. Б1 – А4
22,00 ч. А2 – Б3
Во сабота, 27.08.2016 година, последниот ден од турнирот ќе се одиграат следниве натпревари:
20,30 ч. победникот од А1 и Б4 со победникот од Б2 – А3
21,00 ч. победникот од Б1 и А4 со победникот од А2 –Б3
21,30 ч. ќе се одигра натпреварот за трето место
Натпреварот за најдобар „тројкаш“ ќе започне во 22,00 часот, а финалето во 22,30 ч.
Турнирот во улична кошарка Street Basket – Владевци 2016, се игра под покривателство на општина Василево. Вкупниот награден фонд е 60 000 денари.





