Општините Василево и Струмица, партнерски го имплементираат проектот „Регионален центар за одржлив развој – Струмица – Василево“, чија суштина е унапредување на Локалниот економски развој и руралниот одржлив развој во сите сегменти на меѓуопштинската соработка помеѓу општините Струмица и Василево со посебен осврт на земјоделството, низ процесот на примената на современи дигитални алатки.
Во рамки на проектот отворена е регионална канцеларија со стручни лица подготвени за консултација и поддршка на граѓаните и компаниите во насока на локалниот економски развој и руралниот одржлив развој во струмичкиот микрорегион.
Активирана е и посебна веб страна www.regionalencentar.mk , на која на заинтересираните граѓани и компании им се дава можност да креираат свој профил и бесплатно да го рекламираат сопствениот бизнис.





