Реконструкција на главниот колектор на системот за фекална канализација во Василево

Локалната самоуправа Василево тековно работи на реконструкција на главниот колектор на системот за фекална канализација за населените места Ангелци, Градашорци и Василево.  Според информацијата од градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, по направениот увид на главниот колектор констатирано е дека три од шахтите се во многу лоша состојба и истите создаваат проблем во нормалното функционирање на целиот систем.

„Ова е проблем кој се таложел со години и за жал моите претходници не се нафатиле да го решат. Направивме увид во градежните работи за реконструкција на главниот колектор. Активноста опфаќа реконструкцијата на три шахти, кои беа во многу лоша состојба и кои создаваа проблеми во нормалното функционирање на системот на фекална канализација во трите населени места“,ја сподели информацијата преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникопт Андонов.

По завршувањето на реконструкцијата според информацијата од Андонов, домаќинствата кои се наоѓаат на потегот од Домот на културата во Василево до економскиот субјект 11Септември во Василево ќе може да се приклучат на системот за фекална канализација.

1_355x768 2_576x768 3_1024x768 5_1024x473

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail