Синоќа, во населеното место Едрениково , во организација на општина Василево, по прв пат се одржаа Ѓурѓовденски средби – манифестација на заедничко дружење, која како што рече градоначалникот на општина Василево во своето поздравно обраќање „во предвечерјето на големиот Христијански празник Ѓурѓовден, на едно место, во црковниот двор ги собра верниците, браќата, пријателите, блиските и им овозможи неколкучасовно заедничко дружење“.
Пред присутните со своја програма се претставија дечињата – ученици во училиштето во Едрениково и играорците од КУД„Илинден“ од Радичево кои верни на традицијата и македонскиот фолклор ја збогатија вечерта со сплет од македонски народни ора.





