На денешната редовна 44-та Седница на Советот на општина Василево, советниците ги донесоа предложените измени и дополнувања со што Буџетот на општина Василево претрпе намалување од околу 22 % кај Основниот и околу 14,% кај консолидираниот односно Буџет во кој се вклучени и Буџетите на единките корисници (ООУ „Гоце Делчев“, Василево, ООУ „Атанас Нивичански“ Нова Маала и ЈОУДГ „Прва радост“ Василево). Со ребалансот, од 229 098 000 Буџетот се намалува на 195 784 000 денари.
Образложение за ребалансот на Буџетот даде градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, кој меѓу другото рече дека Буџетот ќе претрпи одредени промени, односно намалување во некои ставки при што вкупниот Буџет ќе се намали за околу 14 % кое во пари би изнесувало околу 33 000 000 денари, Основниот Буџет би се намалил за околу 34 000 000 односно за околу 22%, додека самофинансирачките активности ќе се зголемат за 7% односно 3 240 000 денари и донациите се зголемуваат за околу 506 000 денари односно за околу 4% . Во изјавата дадена за медиумите градоначалникот Стојанов изрази надеж дека денес усвоениот ребалансиран Буџет до крајот на годината успешно ќе биде реализиран.
Ребалансот на Буџетот беше донесен со 9 гласови „за“, советниците од коалицијата на СДСМ и НСДП гласаа воздржано. Со истото мнозинство беа донесени и останатите точки од дневниот ред односно Годишните извештаи за работата во учебната 2015/2016 година на детската градинка „Прва радост“ од Василево и двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ од Василево и „Атанас Нивичански“ од Нова Маала, како и Програмите за работа за тековната учебна 2016/2017 година на истите институции.
Со забелешка дека материјалите за седница од двете основни општински училишта се доставени во несоодветен формат односно на ЦД, советниците од СДСМ и НСДП ја напуштија седницата и не учествуваа во работата кога овие точки беа на дневен ред.
Со едногласно усвојување на Барањето поднесено од Македонска православна црква – Охридска епархија – парохија Василевска за доделување финансиска помош за изградба на параклисот посветен на Св. Јован Крстител на влезот во село Василево, заврши денешната 44-та редовна седница на Советот на општина Василево.





