Советот на општина Василево на синоќа одржаната вонредна седница, донесе Одлука дека на ден 07.05.2025 година имаше настанатато природна непогода (пороен дожд и град) во населените места во Општина Василево (Доброшинци, Нова Маала, Висока Маала, Ангелци, Градошорци, Седларци, Едрениково, Дукатино, Радичево, Требичино, Сушево, Владиевци, Василево, Пиперево и Чанаклија.), каде што има сторено штета врз земјоделските култури. Со Одлука на Совет формирани се и две Комисии за процена на штета од природни непогоди кои ќе направат увид и утврдување на штетата по секое поднесено барање од граѓаните.
Граѓаните кои претрпеле штета, Барање за проценка на штета можат да поднесат во просториите на општина Василево, од денес, 09.05.2025 до 20.05.2025 година, од 08,00 до 16,00 часот. Во прилог на Барањето треба да се достави имотен лист или договор за закуп, лична карта и трансакциска сметка од барателот.





