Денес, Советот на општина Василево одржа Вонредна седница, на која беа донесени Завршните сметки на општина Василево и детската градинка „Прва радост“, Василево.
Во образложението за итноста дадено од претседателот на Советот, Крсте Панев, речено беше, дека Седницата е свикана како Вонредна поради состојбата со корона вирусот (Kovid -19) во државата и неможноста да се предвидат следните чекори и начини на кои ќе функционираат институциите, а крајниот рок за донесување на завршната сметка е 31-ви март.
По образложението дадено од државниот службеник во одделението за финасии Соња Иванова, советниците ја усвоија Завршната сметка на општина Василево за 2019 година и Годишниот извештај на општината за 2019 година. Како што беше образложено извршувањето кај Основниот Буџет на општина Василево е 65% или од планирани 167 043 045 денари реализирани се 119 489 114 денари.
Усвоена беше и Завршната сметка на ЈОУДГ„Прва радост“, од Василево.





