Вчера, со почеток во 20,00 часот, Советот на општина Василево одржа вонредна седница со единствена точка на дневен ред, Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за локален економски развој на подрачјето на општина Василево за 2024 година.
Измените и дополнувањата на Програмата кои беа усвоени, поврзани се со Правилниците донесени на претходната 40-та седница, односно Правилникот за субвенционирање на млади лица од општина Василево за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола Б-категорија и Правилникот за еднократна парична помош за прваче запишано во основно училиште на територијата на општина Василево за учебната 2024/2025 година. Конкретно со измените се обезбедуваат средства за покривање на дел од трошоците за посета на обука за теоретски и практичен дел за полагање за возачка дозвола за „Б“ категорија за лица кои ќе наполнат 18 години до 31.12.2024 година и средства за доделување на еднократна парична помош за првачињата кои во учебната 2024/2025 година ќе се запишат во училиштата во општина Василево.
Средствата се во вкупен износ од 626 000 денари за субвенционирање на полагање за возачки испит и 300 000 денари за помош за првачињата.





