На 05.12.2017 година, вторник, со почеток во 12,30 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 3-та седница.
За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
- Измени и дополнување на Годишната програма за работа на ООУ„Гоце Делчев“, Василево.
- Извештај за работата на ОИК Василево за рализација на локалните избори 2017 година за период од 23.08.2017 до 15.10.2017 година.
- Финансиски извештај за реализирани приходи и трошоци за локални изборите 2017 година.
- Финансиски извештај за надоместок на ОИК Василево и ИО Василево.
- Предлог-програма за социјална заштита во општина Василево за 2018 година.
- Предлог-програма за заедничка потрошувачка во општина Василево за 2018 година.
- Предлог-програма за поставување на вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација на локалните патишта и улици во општина Василево за 2018 година.
- Предлог-програма за одржување и проширување на јавното осветлување на подрачјето на општина Василево за 2018 година.
- Предлог-програма за спорт и рекреација и манифестации на подрачјето на општина Василево за 2018 година.
- Предлог-програма за изградба и реконструкција на водоводната мрежа во општина Василево за 2018 година.
- Предлог-програма за локален економски развој на подрачјето на општина Василево за 2018 година.
- Предлог-програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици на општина Василево за 2018 година.
- Предлог-програма за начинот на пресметување на трошоците за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Василево за 2018 година.
- Предлог-програма за урбанистички планови во општина Василево за 2018 година.
- Предлог-програма за уредување на градежното земјиште во индустриската зона на општина Василево за 2018 година.
- Предлог-програма за уредување на просторот на градежното земјиште во руралните подрачја на општина Василево за 2018 година.
- Предлог-програма за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води во општина Василево за 2018 година.
- Предлог-програма за комунални дејности на подрачјето на општина Василево за 2018 година.
- Предлог-одлука за утврдување на висината на пазарната вредност на недвижниот имот на територијата на општина Василево.
- Предлог-програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Р. Македонија на подрачјето на општина Василево за 2018 година.
- Предлог-програма за активностите на општина Василево во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справување со кризи во 2018 година.
- Предлог-програма за работа на Советот на општина Василево за 2018 година.
- Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект станбена куќа на К.П бр. 1694/1 во КО Градошорци, вон г.р.
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од ЗЗП „Агросојуз“, Василево.
- Донесување на одлука по барање за парични награди на наставници поднесено од ООУ„Гоце Делчев“, Василево.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.





