Советот на општина Василево ја одржа редовната 25-та седница на која едногласно беше усвоен Кварталниот извештај за работата на општина Василево за првиот квартал од 2023 година, односно за периодот од 01.01.2023 до 31.03.2023 година.
Образложение даде Габриела Ефтимова од одделението за финансии: „Кварталниот извештај за првиот квартал во 2023 година се однесува на периодот од 10.01.2023 до 31.03. 2023 година. Имаме планирано 181 998 000 од кои реализација од 35 857 229 или во проценти 19,71%. Овој процент се однесува на вкупниот Буџет, додека кај основниот Буџет од планирани 76 400 000 денари имаме реализација од 12 704 733 денари или 16,63%. Кај Блок дотациите имаме реализација од 23,91%, кај самофинансирачките активности имаме реализација од 5,42%. Ова се однесува на првата точка К1“, рече Габриела Ефтимова.
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, нагласи дека ова тромесечие за разлика од претходната година е малку подобро, додека во споредба со сите претходни години, многу подобро.
Едногласно беа усвоени и Кварталниот извештај за промените на состојбата на задолжување на општина Василево (К2) и Кварталниот извештај за промените на состојбата на задолжување на општина Василево (К3).
На дневен ред на оваа седница беше и финансискиот извештај на ЈП „Турија“ за првото тромесечие за 2023 година од од 01.01. 2023 до 31.03.2023 година усвоен од УО на ЈПКД „Турија“, Василево бр. 02-264/1 од 24.04.2023 година, кој по образложението дадено од претставникот на ЈПКД „Турија“, Васе Костадинов и дискусијата од советниците, ја доби поддршката од сите присутни советници.
Советниците го усвоија и Предлог-решението за промена на член во УО на ЈПКД „Турија“; разрешен беше Ацо Атанасовски и на негово место именувана Љупка Ангелова – Митева.
Советниците позитивно се изјаснија и по Брањата за финансиски средства поднесени од правни и физички лица.
Усвоени беа и трите предлози со кои беше дополнет дневниот ред на самата седница, односно одобрен беше градежен материјал за санација на недостацоти при изградба на детската градинака во с. Ангелци, донесена беше одлука за кофинансирање на општина Василево по проект -Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2- финансирање на техничка документација за инфраструктурни проекти, како и Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште во општина Василево за 2023 година.





