Вчера, Советот на општина Василево ја одржа 30-та седница, на чиј дневен ред, по дополнувањето на самата седница, беа девет предлози. Едногласно и без забелешки советниците дадоа согласност на Годишиот план за вработување за 2024 година на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала и Годишниот план за вработување за 2024 година на ЈПКД „Турија“, Василево
Едногласно беше усвоена и Предлог-програмата за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2023 година. Измените се однесуваат на уребанизација во с. Седларци заради планираната изградба на Прочистителнаа станица за отпадни води, како и за изработка на Урбанистички проект вон опфат за одередени парцели во с. Градашорци финансирани од физички лица.
Едногласно беше прифатен и предлогот за финансиска поддршка на КУД „Сушевски бисери“ од с. Сушево, во износ од 100 000 денари за нивниот настап на манифестацијата „Македонски ден“ во Понтенуре Р. Италија, општина со која општина Василево е збратимена.
На оваа седница прифатена беше и оставката на Крсте Панев, член на советот на општина Василево од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Согласност доби и Барањето поднесено од ООУ „Гоце Делчев“, за формирање на паралелки за учебната 2023/2024 кои имаат помал број на ученици од законски утврдениот.
Позитивно беше одговорено и на двете барања за финансика помош поднесени од правни и физички лица.
Како последна точка од дневниот ред беа советнички прашања. На прашањата од советниците одговараше директорката на ЈПКД „Турија“, Славица Василевска. Прашањата се однесуваа на актиелните состојби и проблеми во делот на водоснабдувањето, собирањето на сметот и одржувањето на јавните површини.





