Советот на О.Василево ја одржа 52-та седница

На вчерашната 52-ра редовна седница, членовите на Советот на општина Василево ги усвоија сите точки од обемниот дневен ред меѓу кои беа Завршната сметка и годишниот извештај за работењето на општина Василево за 2016 година, Завршните сметки за 2016 година и полугодишните извештаи за учебната 2016/2017 на двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ Василево и „Атанас Нивичански“, Нова Маала и Завршната сметка на ЈОУДГ „Прва радост“ Василево.

„На денешната седница имаше повеќе точки меѓу кои како најзначајни би ги издвоил полугодишните извештаи на двете основни општински училишта, Годишниот извештај и завршната сметка за 2016 година на општина Василево. Од завршната сметка се гледа дека минатата година од предвидените 119 000 000 денари, општина Василево има реализирано околу 50 000 000 ден. како бројка можеби изгледа малку но ако го земеме предвид фактот дека минатата година беше изборна година и не успеавме да ги извршиме сите плаќања кон коминтентите, поради што и процентот на реализација е помал. Меѓутоа во овој прв квартал од 2017 година сите тие средства стигнаа во општинската каса и се трансферирани на нашите коминтенти“,  изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов во врска со реализацијата на Буџетот од претходната 2016 година.

На дневен ред на оваа седница беа и два предлози од ЈПКД „Турија“ Василево и тоа предлог- одлука за распоред на добивката и предлог-решение за разрешување и именување на член на УО на ова претптијатие. Разрешен беше Наце Коцев а на негово место именуван Ванчо Андонов. На предлог на градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, советниците ја именуваа Даниела Трајковска за в.д директор на ЈОУДГ „Прва радост“ Василево за период од шест месеци.

На оваа седница донесена беше и одлука за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар сопственост на општина Василево,  Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2017 година, како и неколку одлуки за финансиска поддршка.

DSC_0084

DSC_0086

DSC_0087

DSC_0106

DSC_0108

DSC_0081

DSC_0092

DSC_0111

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail