Општина Василево организира јавна презентација и јавна анкета по Урбанистички план за село Василево со разработка на блокови, КО Василево, општина Василево – Предлог план изработен од Агенција за планирање на просторот Скопје, со технички број D1519 од Декември 2024 година. Опфатот на планот е со површина од 146,67 хектари. Јавната анкета ќе трае 10 (десет) работни дена, започнувајќи од 18.02.2025 и ќе трае до 03.03.2025 година, а јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 18.02.2025 година со почеток во 11:30 часот во просториите на Општина Василево. Јавната анкета истовремено ќе се спроведува и во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Заинтересираните физички и правни лица и субјектите кои вршат надлежности со јавни овластувања во предвидениот рок, определен во точка 2 на оваа соопштение, ќе можат да достават забелешки и предлози по Урбанистички план за село Василево со разработка на блокови, КО Василево, општина Василево – Предлог план, преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.
Анкетен лист
План на површини за градба на блок 4,5,6,8,9,10 и 13
План на површини за градба на блок 12 и 16
Синтезен План
Соопштение за организирање јавна презентација и анкета





