Почитувани,
Поради изведување на градежни работи на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци, во периодот од петок, 26.11.2021 година од 07,00 часот наутро, до недела навечер, 28.11.2021 , ќе има прекин на сообраќојот и истиот ќе се врши по околниот земјен пат.
Имајќи го предвид крајниот бенефит од реализацијата на овој проект, општина Василево како инвеститор очекува фер однос и разбирање од засегнатите учесници сообраќајот во наведените денови.
Со почит,
Општина Василево





