Со поддршка од општината во Нова Маала се оградува црквата

Викендов, во населеното место Нова Маала, месното население започна граѓанска активност  за оградување на црквата.  Активоста се реализра со финансиска помш од страна на општина Василево. Имено, Советот на општина Василево на една од своите Седници, едногласно го поддржа  Барањето поднесено од Црковниот одбор на црквата Успение на Пресвета Богородица“со кое бараат средства во висина од 60 000 денари, наменети за реконструкција на дел од црковниот ѕид.

На лице место беше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, придружуван од претседателот на Советот на општина Василево, Ристо Делијанов.

„Жителите на Нова Маала се сложни и организирани. Денес заедно сите ораганизираа акција за изградба на ограден ѕид во Црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Жителите на Нова Маала денес покажаа дека заедно и во соработка со локалната самоуправа можат да решат повеќегодишни проблеми.  Со средства обезбедени од општина Василево и Црквата „Успение на Пресвета Богородица“  со ангажирање како работна сила на месното население и пред се организацијата од страна на парохот отец Ѓорги Динов овој долгогодишен проблем ќе биде решен“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24 градоначалникот Андонов.

2_1024x576 7_1024x576 33_1024x749

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail