Со садење дрвца, се официјализираше финализирањето на паркот во Чанаклија

Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, со  претставници од УСАИД Програмата за развој на заедницата,  ЛАГ Беласица – Огражден  и партнерите од Мрежата за рурален развој, на симболечен начин со засадување на дрвца го означија финализирањето на изградбата на паркот во населеното место Чанаклија. „За само неколку месеци, направена е трансформација на местото од крајно запуштено и нефункционално во пријатно катче кое со својата функционалност и естетика го менува просторот и му дава содржини и квалитет од кој бенефит ќе имаат сите жители на ова населено место“, е ставот на градоначалникот Андонов, кој задоволен од крајниот резултат им се заблагодари на партнерите за нивната поддршка и конкретна вклученост. Задоволство од резултатите изрази и Дон Кармин – директорка на Канцеларијата за развој на УСАИД во Северна Македонија, која ги поздрави напорите на заедницата за унапредување на руралниот развој.

Според планираното, изградени се патеки, посеана е трева како и повеќе џбунови и дрвца, а од урбана опрема поставени се клупи и корпи за отпадоци.

Вкупниот Буџет за реализација на активностите изнесува околу 660 000 денари од кои околу 140 000 денари се од проектот Програмата за развој на заедницата финасиран од УСАИД , околу 375 000 денари од општинската каса и околу 130 000 денари од партнерите ЈПКД „Турија“, Василево и Граден центар Ристови.

Изградбата на овој парк е  поддржана  од Програмата на УСАИД за развој на заедницата имплементирана од Мрежата за рурален развој во соработка со ЛАГ Беласица – Огражден.

DSC_0111_1024x681 DSC_0114_1024x681 DSC_0121_1024x681 DSC_0123_1024x681 DSC_0130_1024x681 DSC_0134_1024x681 DSC_0141_1024x681

DSC_0151_1024x681

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail