Со тампонирање на полските патишта до полесен пристап до земјоделското земјиште

Општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“, Василево деновиве врши насипување и тампонирање на патот во месноста Трски во с. Василево. Активноста,  како што информира градоначалникот на општина Василево Славе Андонов,е на барање на земјоделците кои имаат ниви во овој дел од полето.
„Се тампонира земјоделскиот пат, во месноста Трски во Василево со што се решава горливиот проблем, со патната инфраструктура за земјоделците кои имаат земјоделски површини во овој дел на Василево. Оваа инвестиција е наш одговор на барањата на земјоделците и во таа насока, продолжуваме понатаму.  Ќе обезбедиме поддршка за решавање на проблемите на земјоделците поврзани со земјоделската патна инфраструктура во општината и во други населени места“, стои во објавата на ФБ профилот на градоначалникот Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24.
Општина Василево и во изминатите години има реализирани вакви и слични активности, најчесто во периодите пред стартот на обемните земјоделски активности  и тоа не само во Василево туку и во другите населени места, каде што имало потреба.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail