Средби на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов со стопанственици од Пјаченца

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во рамки на активностите за збратимување со општина Понтенура, Р.Италија остварил и повеќе средби со стопанственици од Пјаченци. Според информацијата споделена на неговиот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, остварил средби со  производители на кафе и млечни производи со потекло од Македонија, кои како што информира градоначалникот изразиле интерес за инвестирање и во општина Василево.

„Остварив средба со повеќе стопанственици од Пјаченца, производители на кафе, млечни производи кај кои чесно и одговорно работат Македонци, но и стопанственици, по потекло од општина Василево и општина Ново Село. Овие средби претставуваат доказ за силната и нераскинлива врска на македонските иселеници со своите корени и Република Македонија, како и потврда дека контактите и соработката со иселениците може да се одржуваат и развиваат на квалитетна и продуктивна основа. Стопанствениците со потекло од Република Македонија целосно се интегрирани во местото каде што работат, но изразија интерес да инвестира и во општина Василево. Ние како општина Василево сме отворени за соработка“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Андонов,   кој престојот го искористи и за посета на Римокатоличка семинарија Алберони.

5 12 13 15 20

последна

8

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail