Според истражувањата на Индексот на активна транспарентност 2022 година, спроведени од страна на Центарот за граѓански комуникации, општина Василево е на третото место во рамки на Југоисточниот плански регион и на деветнаесетото место во рамки на државата. Со вкупно 91,3% од можни 100%, општина Василево се вбројува во првата група институции за кои според истражувачите, активната транспарентност е опишана како „многу добра“.
Ветивме транспарентна и отворена општина за сите граѓани и тоа го исполнуваме. Овде нема да застанеме, општина Василево ќе бележи одлични резултати на сите полиња.
Ова се должи освен на информирањето на граѓаните во делот на она што значи законска обврска, општина Вaсилево континуирано подготвува и пласира информации кои се однесуваат на работењето на општината, на нејзините органи, независно дали тоа е во делот на надлежностите на градоначалникот, советот, општинската администрација или јавните претпријатија и установи основани од општината.





