Три пушки од Општина Василево за Ловечката вечер на ЛД „Фазан“

Општина Василево година обезбеди три ловечки пушки за лотаријата на  ловечката вечер на ЛД „Фазан“, од Василево која се организира по повод завршувањето на ловната сезона. Преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов,  на новото раководство и претседателот на ловното друштво, Томе Шонтевски им го честиташе изборот.
„Општина Василево ја подржува традиционалната Ловечка вечер, која ќе се одржи на 08.03.2025 година, организирана од Ловното друштво „Фазан“, по повод завршувањето на ловната сезона.  Се надеваме на рекордно присуство на ловците со што ќе се потврди лојалноста на членовите кон Л.Д. „ Фазан“ . За прв пат општина Василево и јас како градоначалник обезбедивме три пушки, кои ќе бидат доделени на присутните гости. Честитки до новото раководство на Ловното Друштво,, Фазан” и претседателот Томе Шонтевски и убеден сум дека оваа ловечка вечер ќе биде најдобра од сите досега одржани“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail