Улиците во Радичево и Чанаклија подготвени за асфалт

Улиците во изградба во населените места Радичево и Чанаклија се подготвени за асфалтирање. Информациите од терен се дека активностите на овие две улици се одвиваат паралелно.  Досега  целосно се завршени земјените работи, односно и  двете улици  се израмнети, насипани и тампонирани.

Во населеното место Чанаклија, улицата води кон Католичката црква,   долга е 137 метри, широка околу 3,2 метри  а Буџетот за нејзина реализација во износ од 648 057 е обезбеден од општинската каса. Оваа Улица е планирана со Програмата за изградба на локални патишта и улици во општина Василево за 2022 година.

Во населеното место Радичево, улицата се гради во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион (ЦРЈИПР) и истата води кон црквата Св. Илија. Долга е  327 метри а  широка околу 3 метри. Одводнувањето е решено со риголи. Буџетот во висина од 2 196 616 денари  е обезбеден од страна на Центарот за развој на ЈИПР.

Изведувач и на двете улици е градежната компанија Бони интерградба.

IMG-649981800db65aa44d2d9ebcd217f457-V IMG-989326712c30e481b91b4482396393c2-V IMG-b96f7513175a5dc5e7adabd8deb64869-V

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail