Успешно е локализиран пожарот кој денес во попладневните часови избувна во атарот на река Турија лево од локалниот пат кон Доброшинци
Благодарение на брзата и стручна интервенција на пожарникарите од ТППЕ Струмица пожарот не направи никакви штети на земјоделски посеви или друга материјална штета, информираше општина Василево преку ФБ страната на општина Василео: https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan
Општината упати апел до граѓаните да внимаваат да не фрлаат отпушоци од цигари или да не палат страништа во текот на летниот период особено сега кога температурите се високи.





