Денес, во организација на ОО Црвен крстС трумица, вос оработка со Службата за трансфузиона медицина и локалната самоуправа Василево, во просториите на ООУ„Гоце Делчев“, Василево, успешно се реализираше крводарителскаакцијa.
Вработените во општината како и вработените во институциите под нејзина надлежност, вклучувајќи се во акцијата ја покажаа својата хуманост на дело, овозможувајќи со нивната драгоцена течност да се спаси нечиј живот.
Акцијата доби поддршка од градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и пратеникот во Републичкиот Парламент, Дејанчо Ефтимов – и двајцата повеќекратни дарители.
Иако спроведена во услови на пандемија од Ковиод -19, заинтересираноста на граѓаните беше на високо ниво, потврдено со 31 собрана крвна единица.





