Утре, 18.03.2020 година, (среда) со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе одржи Вонредна седница.
За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Предлог-завршна сметка на Буџетот на општина Василево за 2019 година.
- Годишен извештај на општина Василево за 2019 година.
- Завршна сметка на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за 2019 година.
Седницата ќе се одржи во просториите на општина Василево.





