Учениците од Ученичкиот парламнет при ООУ „Гоце Делчев“, Василево на средба кај Градоначалникот

Денес, учениците- членови на Ученичкиот парламент при ООУ „Гоце Делчев“, Василево заедно со одговорните наставнички Марија Костуранова и Марија Вучкова, беа на предновогодишна средба со градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

Во пријатна атмосфера разменија информации  за надлежностите и улогата што секој ја има во својата област, за можностите што се јавуваат  како резултат на взаемна соработка и поинтензивна комуникација.

Разговараа и за тековните потреби и најургентните прашања чие решавање ќе значи подобри услови за одвивање на наставата а со тоа и постигнување на подобри резултати. Договорено беше ваквите средби  во второто полугодие да добијат континуитет а дел од идеите кои беа предложени, како профункционирање на кабинетите, едносменско работење, модерно повеќенаменско игралиште, повеќе културно забавни настани и слично,  беа заедничка желба за Новата 2023 година.

DSC_0623_1024x681 DSC_0625_1024x681 DSC_0628_1024x681 DSC_0646_1024x681 DSC_0648_1024x681 DSC_0653_1024x681

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail