По повод Детска недела, денес двете основни општински училишта ООУ„Гоце Делчев“ од Василево и ООУ„Атанас Нивичански“ од Нова Маала, организираа свечени настани на кои првачињата официјално станаа членови на на Светската детска организација. Пред своите наставници и постари другарчиња тие се обврзаа дека ќе ги почитуваат наставниците и возрасните, ќе учат, вредно ќе ги извршуваат обвските и искрено ќе другаруваат.
Честитки по повод зачленувањето во Детската организација им упати и градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев.
„Драги првачиња ова е Ваш ден, кога Вие ни ветувате а ние се обврзуваме да го направиме вашето детство среќно и безгрижно. Наша обврска е да створиме услови во кои ќе учите, ќе стекнувате знаења, ќе се развивате и формирате во здрави личности.
Еве и јас како градоначачник Ви ветувам дека Вие децата постојано ќе бидете на врвот на приоритетита на локалната самоуправа.
Искрено и од се срце Ви го честитам денешниот ден и зачленувањето во Светската детска организација. Бидете среќни и весели, радувајте се и уживајте во детството“ им порача градоначалникот на општина Василево на првачињата.





