Денес, Советот на општина Василево на Вонредна седница донесе Одлука за именување на членови на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Општина Василево, односно Кризен штаб за општина Василево и Одлука за формирање на сили за заштита и спасување во општина Василево односно Универзална единица за заштита и спасување во јачина на вод.
Командант на Кризниот штаб е градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, а началник Митко Јанев. Кризниот штаб е составен од вкупно 11 лица, со поделени одговорности.
Единицата за заштита и спасување составена е од вкупно 42 лица, распоредени во три одделенија: Одделение за ПМП, Одделение за ППЗ и Одделение за Поплави. Командир на водот е Сашко Атанасов а негов заменик Блаже Коцев.





