Фудбалскиот стадион во Василево, во одлична состојба

Градоначалникот на општина Василево славе Андонов, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, сподели информација и фотографии за состојбата на фудбалскиот стадион во Василево, за кој како што рече е во одлична состојба.
„Фудбалскиот стадион во Василево повторно го доби посакуваниот лик! Доброто менаџирање со спортските објекти е мој императив од првиот ден од мојот мандат како градоначалник. Вложувањето во спортот, особено инвестирањето во спортската инфраструктура е врвен приоритет во работата на општина Василево. Во соработка со новоформираниот клуб Фудбалска академија Христов и ЈПКД Турија, фудбалскиот стадион и во овие тешки временски услови е во одлична состојба“, напиша градоначалникот Андонов.
Советот на општина Василево на својата редовна 40-та седница, на барање од новоформираниот клуб Фудбалска академија Христов, големото фудбалско игралиште во Василево му го додели на времено користење за период од 2024 до 2028 година.
Игралиштето е отстапено без надоместок но со обврска за одржување на теренот и помошните просториите  од страна на Фудбалската академија Христов, за време на целиот периодот на користење.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail