Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, по повод Рамазан Бајрам упати честитка до своите сограѓани од муслиманска вероисповед:
Во мое име, и во име на локалната самоуправа на Василево, на сите граѓани од исламска вероисповед им го честитам Рамазан Бајрам . Ви посакувам добро здравје, среќа, љубов, меѓусебна почит и разбирање. Да ги почитуваме постулатите на милост, солидарност, добра мисла, почит кон различниот, нешта кои одамна се негуваат на овие наши простори. Таа добра мисла ни помага да напредуваме заедно кон заедничка иднина и како ,,мостови на соживот,, треба да им се пренесуваат на помладите генерации.





