Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев по повод празникот Рамазан Бајрам, од свое лично име и од име на општина Василево, на припадниците од Муслиманска вероисповед им го честиташе празникот:
„На сите наши сограѓани, другари, колеги, пријатели од Муслиманска вероисповед им го честитаме празникот Рамазан Бајрам со желби за среќа, здравје и берикет во нивните семејства“, им посака градоначалникот Јанев на своите сограѓани од Муслиманска вероисповед.





