Чистење на каналот во с. Градашорци

Изминатите денови, во населеното место Градошорци се извршија активности за уредување на атмосферскиот канал во центарот на населеното место. Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по тој повод, на својот својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24  , напиша:   „Со отстранувањето на наталожениот материјал, главно земја и вегетација каналот се оспособува за прифаќање на атмосферските води од дождовите, кои главно надоаѓаат од полето во каналот кој е покрај улицата во самото населено место. Активноста токму во овој период е неопходна, за да се канализира и насочи водата од евентуалните врнежи, односно спречи нејзино излевање по улицата и низ дворовите. Со граѓаните сме постојано во комуникација и согласно нашите можности, одговараме на нивните потреби. За поубаво Василево“.

Вкупната должина на каналот изнесува околу 200 метри и истата е спроведена во соработка соп ЈСП „Турија“, Василево.

Во претходниот период иста активност е спроведена и во населеното место Пиперево, каде беше исчистен атмосферскиот канал во должина од околу 1000 метри.

4 5

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail