Согласно Програмата за измена и дополнување на Програмата за локален економски развој на подрачјето на oпштина Василево за 2024 година бр. 08-816/1 од 04.07.2024 година и врз основа на Буџетот на Општина Василево за 2024 година бр.08-1707/1 од 28.12.2023 година се објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на авто школи за обука на кандидати за теоретски и практичен дел кај млади лица од Општина Василево
Општина Василево започнува со проектот “Субвенционирање на млади лица за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола Б категорија кај млади лица од Општина Василево”. Со цел спроведување на оваа активност која е дел од Програмата за измена и дополнување на Програмата за локален економски развој на подрачјето на oпштина Василево за 2024 година, потребно е општината да изврши избор на авто школи преку која младите лица ќе може да добијат обука за теоретскиот и практичниот дел за возачки испит за Б категорија.
Право на пријавување
Право на пријавување имаат сите заинтересирани правни лица регистрирани во дејноста која ја опфаќа деноста на овој јавен повик.
Критериуми за учество на авто школа
Документ за регистрирана дејност
- Авто школата да има лиценца за работа за оспособување на кандидатите за возачи за Б категорија
- Авто школите да имаат најмалку 4 (четири) возила во своја сопственост или на располагање и истите да бидат за оспособување на кандидатите за Б категорија.
- Да има најмалку 4 (четири) реномирани возачи – инструктори со лиценца за оспособување на кандидати за возачи за Б категорија, вработени во авто школата или на располагање.
- Авто школите да имаат на располагање канцеларија за прием на кандидати, како и училница за одржување на теоретска настава со сите нагледни средства според Закон, но не подалеку од 8км од седиштето на Општина Василево
Критериуми за избор на авто школа
За најповолни понуди ќе бидат избрани понудите на авто школите кои ќе понудат минимална цена за обука утврдена во Правилникот за минимална цена за оспособување на возачи во авто школа за следење на обуки од теоретскиот и практичниот дел на кандидатите за возачи за Б категорија, согласно минималните пресметани елементи на вредност.
- Секоја понуда која ќе содржи цена различна од минималната цена согласно утврдените минимални пресметани елементи ќе се отфрли како неприфатлива.
Потребна документација
Понудата треба да содржи: назив и седиште на фирмата, даночен број, одговорно лице, контакт телефон, е-пошта, сметка и депонентна банка и точно назачување на понудениот износ, согласно Правилникот за минимална цена за оспособување на возачи во авто школа за следење на обуки од теоретскиот и практичниот дел на кандидатите за возачи за Б категорија, согласно утврдените минималните пресметани елементи на вредност прикажани како:
теоретски дел + практичен дел = цена + ДДВ = цена на обука со ДДВ.
- Доколку понудувачот не е ДДВ обврзник истиот треба да достави документ од УЈП како доказ.
- Потврда за регистрирана дејност издадена од Централен регистар за дејноста поврзана со предметот на овој јавен оглас.
- Тековна состојба издадена од Централен регистар на РСМ.
- Копија од лиценца за работа за оспособување на кандидатите за возачи за Б категорија.
- Да се достави копија од сообраќајна дозвола или договор за располагање со возила за оспособување на кандидатите за возачи за Б категорија во прилог со копија од сообраќајна за истите .
- Копии од лиценци за инструктори со листа од АВРСМ за вработени во авто школата или договор (се прифаќа и изјава потпишана од одговорно лице) за отстапување на инструкторите со копии од лиценци за инструктори за истите.
- Да имаат на располагање канцеларија за прием, како и училница за одржување на теоретска настава со сите нагледни средства според Закон која работи не помалку од (1) година од денот на објавување на овој повик (приложување на договор за закуп или седиште/подружница внесена во тековна состојба).
- Канцеларијата за прием на кандидати и училницата за одржување на теоретска настава со сите нагледни средства да биде на растојание по патна инфраструктура не подалеку од 3км од седиштето на Општина Василево.
- Начин на поднесување на понуди
- Понудите за избор на авто школи за обука на кандидати за теоретски и практичен дел кај млади лица од Општина Василево се доставуваат најдоцна до 09.07.2024 година преку пошта на адреса: Општина Василево, с.Василево бб, или во Архивата на Општина Василево, секој работен ден од 8,00 до 16,00 часот.
- Понудите со сите пропратни документи треба да бидат затворени во плик со назнака: “НЕ ОТВОРАЈ “, “за Комисија за избор на авто школи за обука на кандидати за теоретски и практичен дел кај млади лица од Општина Василево“
- Рок на поднесување на документите
Огласот трае десет (6) работни дена од денот на објавување, односно до 09.07.2024 година. Јавното отворање на понудите ќе се одржи на 09.07.2024 година во 12 часот во просториите на Општина Василево.
Бр. 05-817/1 ОПШТИНА ВАСИЛЕВО
04.07.2024 година
Записник од спроведена постапка





