Денес, општина Василево, согласно препораките и насоките од Владата на РСМакедонија, а заради превенција и заштита од Корона вирусот (COVID -19), изврши дезинфекција на јавните површини на територијата на општината. Активноста на терен ја реализираше ЈПКД „Турија“ Василево, со ангажирање на сопствените ресурси.





