Шумските пожари тема на денешниот координативен состанок на надлежните

Денес, во Василево, Локалниот совет за превенција одржа координативен состанок на кој главна тема беше можноста од појава нашумски пожари во овој период од годината . Учесниците на состанокот – претставници од општината, од ЈПКД„Турија“,Василево, СВР Струмица, Центарот за управување соо кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, ПСШ „Беласица“-Струмица и претставници од Противпожарната служба во Струмица, главно дискутираа за начините на заедничко превентивно дејствување на сите надлежни институции во слуќај на пожар како и за мерките за превенција како не би дошло до вакви состојби.
Во изјавата за медиумите, градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов ја нагласи улогата и значењето на Локалниот Совет за превенција преку кој општината може да интервенира и да ги презема сите неопходни активности за заштита и спасување во случај на пожар или друг вид на непогоди.

DSC_0036
„Превенцијата е еден од најбитните начини на дејствување, бидејќи најдобро е навреме да се спречат одредени состојби, а не отпосле да се пресметуваат предизвиканите штети независно дали се предизвикани од човечко невнимание или се последица на природни непогоди“, истакна градоначланикот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов.

DSC_0044

DSC_0047

DSC_0054

DSC_0057

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail