Author Archives: opstinaadmin

Прием на првачињата од ООУ „Атанас Нивичански“ во Детската организација

DSC_0284_1024x681

Денес, првачињата од ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала, на свечена церемонија беа примени во Детската организација. Сложно, во еден глас повторувајќи ги  зборовите од  Заветот по својата директорка, ветија дека ќе ги почитуваат наставниците, ќе ги решаваат зададените задачи и ќе се дружат со другарчиња во училишниот двор, притоа искрено, детски барајќи прошка за направените грешки.

Честитки по тој повод им упатија директорката на училиштето Марија Костуранова и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој во своето обраќање им вети континуитет во подобрување на условите во кои ќе се одвива нивното образование, бидејќи како што кажа тие се нашата иднина во која е неопходно постојано вложување.

Добредојде во најголемото детско семејство- Детската организација, со специјално подготвена училишна програма им посакаа и нивните повозрасни другарчиња.

Според информација од директорката, во ООУ „Атанас Нивичански,“, во учебната 2023/2024 година запишани се вкупно 36 првачиња.

DSC_0303_1024x681 DSC_0307_1024x681 DSC_0319_1024x681 DSC_0333_1024x681 DSC_0348_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Пожар во месноста Врчви, општина Василево

DSC_0272_1024x681

Во општина Василево, на потегот меѓу населените места Ангелци, Градашорци и Едрениково, во месноста Врчви од пред неколку часови, има активен пожар. На лице место се припадниците на ТППЕ Струмица, кои работат на негово гасење и  спречување на понатамошно ширење.   Според информацијата од терен, опжарени се околу 5 ха, главно лозов насад во приватна сопственост и сува трева и грмушки. Пожарот, „потпомогнат“ од моменталниот ветер има тенденција за ширење кон населеното место Седларци.

На лице место беше и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој изрази загриженост за состојбата и осуда за чинот на палење чии последици и обем  допрва ќе се утврдуваат.

DSC_0256_1024x681 DSC_0259_1024x681 DSC_0262_1024x681 DSC_0265_1024x681 DSC_0269_1024x681 DSC_0274_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Детската градинка „Прва радост“, Василево доби донација играчки

gradinka, n

Градоначалникот на општина Васиево Славе Андонов, со своите соработници  беше гостин во детската градинка „Прва радост“, Василево, каде на дечињата им подели играчки донирани од приватна компанија.

Играчките измамија насмевки кај дечињата и задоволство кај воспитувачките за кои играчките се средство и алатка во реализирањето на планираните воспитно едукативни содржини и активности кои се составен дел од престојот на дечињата во градинката.

Благодарност до донаторот изразија  градоначалникот на општина Василево Славе Андонов и директорот на градинката Игорчо Илиев.

DSC_0173_1024x681 DSC_0176_1024x681 DSC_0179_1024x681 DSC_0181_1024x681 DSC_0185_1024x681 DSC_0188_1024x681 DSC_0201_1024x681 DSC_0202_1024x681 DSC_0210_1024x681 DSC_0213_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Асфалтирано платото пред Домот на културата во Нова Маала

DSC_0250_1024x681

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов присуствуваше на асфалтирањето на платото пред Домот на културата во Нова Маала, како една од планираните активности во рамки на проектот  Партерно уредување на плато пред Домот на културата во Нова Маала, лоциран на  просторот во централното подрачје на ова населено место.

Со асфалтот како спој меѓу поставениот бекатон на платото и  главната улица  се формира естетски  уредена површина со  можности за одмор, релаксација и разонода на жителите од ова населено место.

Со веќе поставените летниковци, клупите за одмор како дел од урбаната опрема,  детските реквизити, фонтана за вода за пиење, соларните панели за осветлување, хортикултурното уредување и бекатонот се заокружуваат планираните активности  со што центарот на населеното место Нова Маала добива сосема нов лик и содржини за целото население.

Согласно Договорот со компанијата изведувач,  Буџетот за реализација на овој проект, кој се птостира на површина од 1582 м2  изнесува 4 354 339 денари, од кои 3.822.674 денари се обезбедени од  Бирото за регионален развој преку  Програма за рамномерен регионален развој за 2022 година, а остатокот се од општинскиот Буџет.

DSC_0083_1024x681 DSC_0091_1024x681

DSC_0220_1024x681 DSC_0232_1024x681 DSC_0238_1024x681 DSC_0241_1024x681 DSC_0243_1024x681 DSC_0249_1024x681

DSC_0231_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Донација од Boots for Balkans за второодделенците од ООУ „Гоце Делчев“, Василево

Donacija

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов и пратеникот Дајанчо Ефтимов, на второодделенците од ООУ „Гоце Делчев“, Василево им подарија спортска облека, донација од Boots for Balkans, австралиска добротворна организација. Донацијата е реализирана преку нашите иселеници во Австраклија.

Радоста од  подароците учениците ја изразија со ветување дека спортувањето ќе стане нивно секојдневие.

Boots for Balkans е добротворна организација чија цел е преку донации, спонзорства и финансирање да обезбедат еднакви можности за сите љубители и учесници во спортот.

DSC_0980_1024x681

IMG_20230926_090843_416 IMG_20230926_090922_928 IMG_20230926_090913_028 IMG_20230926_090906_035 IMG_20230926_090829_527 IMG_20230926_090829_064 IMG_20230926_090828_741

DSC_0130_1024x681

IMG_20230926_090857_445 IMG_20230926_090843_031 IMG_20230926_090829_586 IMG_20230926_090923_360 IMG_20230926_090922_928 IMG_20230926_090857_445 IMG_20230926_090843_031 IMG_20230926_090829_586

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Санација на дупките на локалниот пат Стар пат Василево – Пиперево

DSC_0142_1024x681

Локалната самоуправа Василево  изврши санација на локалниот пат Стар пат Василево – Пиперево, со пополнување на дупките со бетон.

Активноста беше  во организација и координација на општина Василево.

Градоначалникот на општинааа Василево, Славе Андонов, беше на лице место каде изврши увид во текот и динамиката со која се одвиваат активностите.

Активноста предизвика прекин во одвивањето на сообраќојот на наведената делница, за што граѓаните преку соопштение, http://opstinavasilevo.gov.mk/?cat=18 навреме беа информирани.

DSC_0146_1024x681 DSC_0149_1024x681

DSC_0140_1024x681

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

СООПШТЕНИЕ за прекин на сообраќајот на локалниот пат Стар пат Василево- Пиперево

prekin vo soob

Почитувани,

Општина Василево Ве информира дека поради изведување на градежни работи односно  пополнување на дупките со бетон  на локалниот пат Стар пат Василево – Пиперево, во текот на денешниот ден, 25.09.2023 година (понеделник) истиот нема да може да се користи.

Сите оние кои во текот на денешниот ден ќе имаат потреба од користење на овој пат, ги замолуваме да ги користат алтернативните патишта.

Имајќи го предвид крајниот бенефит од реализацијата на оваа активност, општина Василево очекува фер однос и разбирање од засегнатите учесници во сообраќајот.

Со почит,

Општина Вaсилево

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Средба со претставници на администрацијата на турската влада

1_1024x462

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, информира за средбата на која бил домаќин на претставници од турската влада и на која се разговарало за можни решенија за решавање на проблемот со водоснабдување во населеното место Висока Маала.

„Во просториите на општина Василево, остварив средба со претставници од администрацијата на турската влада, задолжени за водоснабдување. Општина Василево има одлична соработка со Р.Турција, и се надевам дека од ова пријателство ќе произлезат многу заеднички мерки и проекти, со кои ќе се подобри животот на нашите сограѓани. Како градоначалник ги презентирав сите можни решенија за целосно решавање на проблемот со вода во Висока Маала. Со претставниците на турската влада заеднички ќе работиме на решавање на овој проблем. Р.Турција гледа сериозен партнер во општина Василево и заеднички ќе реализираме повеќе проекти во интерес на нашите граѓани. Создаваме трајни пријателства за општина Василево и отвараме перспективи за реализација на идни проекти.

Продолжуваме со за нашата општина Василево“, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот Андонов

Проблемот со недостиг на вода за пиење во населеното место Висока Маала е сериозен посебно во летните месеци. Обидите на локаната самоуправа за решавање на истиот низ годините наназад не ги дадоа очекуваните резултати. Општина Василево се надева дека во партнерство со турската влада  целосно и трајно ќе биде решено ова од животно значење прашање, за населението од Висока Маала.

1_1024x462 2_1024x494

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалниокот Андонов во Дукатино, на прославата на манастирот Св. Ѓорги

Dukatino

„Како од првиот ден, заедно со граѓаните.Со жителите на Дукатино на традиционална прослава на манастирот Свети Ѓорги . Македонската традиција, ќе продолжиме да ја негуваме“, напиоша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, по повод неговото присуство во манастирот Св. Ѓорги во с. Дукатино.

Градоначалникот Андонов, заедно со пратеникот  Дајанчо Ефтимов, викендов присуствуваа во манастирот Св. Ѓорги во Дукатино, каде беше организирана црковна прослава.

1_768x768 2_768x768 3_768x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Асфалтирана улица во с. Нова Маала

n1

Денес во населеното место Нова Маала, локалната самоуправа Василево асфалтираше улица чија изградба старуваше пред неколку денови а истата беше планирана со Програмата за изградба,  реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2023 година и Програмата за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2023 година. На лице место беше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој изврши увид во завршните активности.

Согласно тендерската документација и информациите од изведувачот должината на оваа улица изнесува 165 метри, ширината е 3,5 метри, одноцно вклучително со проширувањето од едната страна вкупната асфалтна површина изнесува 590 м2 .

Буџетот за изградба на оваа улица изнесува 862 365 денари,  средства обезбедени од општинската каса.

DSC_0023_1024x681 DSC_0031_1024x681 DSC_0043_1024x681 DSC_0044_1024x681 DSC_0048_1024x681 DSC_0057_1024x681

DSC_0055_1024x681

DSC_0047_1024x681

DSC_0028_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail