Author Archives: opstinaadmin

Во недела ќе се одржи традиционалниот Марш до Варварица

dscn8302

Во недела на  29-ти  октомври 2017 год. во организација на општина Василево и Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Струмица ќе се одржи традиционалниот марш до селото Варварица каде ќе биде одбележана 73-годишнината од формирањето на Првиот Околиски народноослободителен одбор за Струмица и Струмичко.

Поаѓањето е во 08 часот од пред градскиот трговски центар „Глобал“ во Струмица и од пред општинската зграда во с. Василево во истото време.
Превозот е организиран со автобусите на Струмица Експрес и истиот е бесплатен.

Општина Василево ги поканува сите заинтересирани граѓани да се придружат на  годинешното одбележување.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Доделени уверенијата за нов градоначалник и членови на Советот на општина Василево

DSC_0780 (Medium)

Марјан Јанев, кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата, денес ја презеде функцијата градоначалник на општина Василево.

На чинот на примопредавање градоначалникот Марјан Јанев изјави: „Најпрво сакам да изразам голема благодарност на сите граѓани на општина Василево кои излегоа на гласање, го остварија своето право на глас со што овозможија да се случат промените во општина Василево. Изборите беа пример за слободно и достоинствено изразување на гласот на секој граѓанин на општина Василево, пример за слободни, фер и демократски избори  без притисоци. Во однос на предизборни ветувања, градоначалникот Јанев истакна дека во соработка со граѓаните но и во соработка со неговиот претходник ќе ги реализираат сите проекти од изборната програма со која тој и кандидатите за советници настапија во изборите. „Ќе се трудиме да го дадеме максимумот од нас за да ја реализираме програмата со која настапивме во изборите“, нагласи Јанев.

На примопредавањето на функцијата, градоначалникот Ванчо Стојанов на својот наследник му посака успешна работа, реализација на многу нови проекти преку кои како што рече „граѓаните на општина Василево да го почувствуваат бенефитот од постоењето на локалната самоуправа“.

Марјан Јанев освои 3604 гласови наспроти неговиот противкандидат- досегашниот градоначалник на општина Василево, Ванчо Стојанов од ВМРО ДПМНЕ кој освои 3046 гласови.

Општинската изборна комисија  денес  ги додели и уверенијата на членовите на новиот општински Совет. Во новиот општински Совет од редовите на СДСМ и коалицијата се осум советници и тоа: Крсте Панев, Фанче Томова, Блаже Коцев, Неџат Меминов, Сандра Илиева, Наташа Велкова, Костадинка Печеникова и Илми Мустафов. ВМРО ДПМНЕ заедно со коалиционите партнери освоија седум советнички места. Новите советници од оваа коалиција се: Сања Стојанова, Наце Коцев, Сања Христова, Виолета Ристова, Бранко Трајков, Марјанчо Трајков и Ракип Асанов.

DSC_0731 (Medium)

DSC_0703 (Medium)

DSC_0706 (Medium)

DSC_0708 (Medium)

DSC_0740 (Medium)

DSC_0749 (Medium)

DSC_0752 (Medium)

DSC_0780 (Medium)

DSC_0771 (Medium)

DSC_0787 (Medium)

DSC_0819 (Medium)

DSC_0824 (Medium)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ја одржа последната седница

naslov

Советот на општина Василево ја одржа последната седница во својот мандат. Едногласно и без дискусии и забелешки ги усвоија сите предлози од дневниот ред: Кварталниот  извештај за извршување на Буџетот за 2017 година за периодот од 01.01.2017 до 30.09.2017 година (К-1), Кварталниот извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2017 до 30.09.2017 година (К-2) и Кварталниот извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2017 до 30.09.2017 година (К-3), како и едно Барање за помош за градежни активности на верски објект.

Согласно доставените материјали подготвени од одделението за финасии во периодот 01.01.2017 – 30.09.2017 реализацијата на Буџетот на општина Василево во кој се вклучени и Буџетите на единките корисници – двете основни општински училишта „Гоце Делчев“, Василево и „Атанас Нивичански“, Нова Маала и детската градинка „Прва радост“, Василево изнесува 53,58 % или од планирани 224 730 600 денари, реализирани се 120 441 840 ден.

Реализацијата кај основниот Буџет на општината е 44,22% илиизразено во бројки од планирани 130 900 000 ден. реализирани се 57 884 703 ден.

Реализацијата кај блок дотациите е 74,54 % односно од планирани 60 150 000 ден. реализирани се 44 835 003 ден.

Кај самофинансирачките активности реализацијата е 53,43%, кај донациите 57,53% а кај кредитите од планирани 10 000 000 ден. реализирани се 4 288 112 ден. или изразено во проценти 42,89%.

По завршувањето на Седницата претседателот на Советот, г-дин Драги Митев на своите колеги од Советот им посака успех на приватен и професионален план како и успешна работа на Советот кој ќе ги наследи.

DSC_0688

DSC_0690

DSC_0693

DSC_0687

DSC_0697

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 59-та седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

На 12.10.2017 год. (четврток) со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 59-та Седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2017 година за периодот од 01.01.2017 до 30.09.2017 година (К-1).
  2. Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2017 до 30.09.2017 година (К-2).
  3. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2017 до 30.09.2017 година (К-3).

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ја одржа 58-та Седница

prva

Советот на општина Василево ја одржа редовната 58-ма седница на која советниците ги усвоија сите предлози од дневниот ред од кои најголемиот број беа од сферата на образованието.

Прва и втора точка беа Годишните извештаи за работата на на двете основни општински училишта „Гоце Делчев“,  Василево и „Атанас Нивичански“ , Нова Маала за учебната 2016/2017 година. Истите без забелешки беа усвоени од сите советници.  Без ниту една забелешка беа усвоени и предложените Програми за работа за учебната 2017/2018 година на овие две  училишта. Со 7 гласа „за“ и 2 „воздржани“, но без забелешки беша усвоена Годишната програма за работа за 2017/2018 год.  на детската градинка „Прва радост“ Василево. На дневен ред беа уште два предлози кои се однесуваат на работата на детската градинка.  Едниот се однесуваше на Известувањето од Министерството за труд и социјална политика за почетокот и завршетокот на работното време на оваа установа односно воведувањето на втора смена и прва работна сабота во месецот. Советниците донесоа одлука работното време да си истане исто како и досега односно да се работи само во една смена. Другото барање од градинката беше за прием за повеќе деца од предвидениот проектиран капацитет. Образложението беше дека веќе има пријавено повеќе деца и дека нивниот прием и згрижување нема да го наруши работењето на оваа установа. Советниците, едногласно дадоа поддршка и на ова барање.

Позитивно беше одговорено и на три барања за финансиска помош од кои двете беа доставени како дополнителни точки на дневниот ред на самата сеница.

Од предложениот дневен ред, на барање на претседателот на советот г-дин Драги Митев, на почетокот на седницата беше изземено предлог-решението за разрешување и именување на член на Училишниот одбор на ООУ„Гоце Делчев“, Василево.

prva

DSC_0667 (Medium)

DSC_0668 (Medium)

DSC_0677 (Medium)

DSC_0681 (Medium)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Улицата во с. Пиперево во завршна фаза

DSC_0579

Реконструкцијата на улицата во с. Пиперево, која од центарот на селото води кон црквата Св. Ѓорѓи, е во завршна фаза. Моментално се работи на поставување на уличното осветлување односно канделабрите кои ќе бидат поставени по целата нејзина должина. Исто така во завршна фаза е и поставувањето на бекатон плочките на тротоарот.

Станува збор за целосна реконструкција на улицата која освен асфалтирање во должина од 244 метри и ширина од 6 метри, опфаќа и поставување на дренажен слој и атмосферска канализација. Овие активности се целосно завршени.

Вкупниот Буџет за оваа улица, заедно со веќе изградената улица во населеното место Нова Маала, изнесува 12 000 000 денари од кои 10 000 000 денари општината ги обезбеди со кредитно задолжување од Светска банка како подзаем обезбеден преку Министерството за финасии од Проектот за подобрување на општинските услиги. Учеството на општина Василево е 2 000 000 денари – обезбедени од сопствениот буџет.

Рокот за отплата на кредитот е 5,5 години со грејс период од 1 година.

Активностите на терен ги изведува градежната компанија „Универзал Градба“.

DSC_0566

DSC_0571

DSC_0573

DSC_0574

DSC_0576

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 58-та седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

На 26.09.2017 година ( вторник), со почеток во 12,00 часот,  Советот на општина Василево ќе ја одржи 58-та седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Годишен извештај за работата на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за учебната 2016/2017 година.
  2. Годишен извештај за работата на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за учебната 2016/2017 година.
  3. Годишна програма за работа на ООУ „Гоце Делчев“ Василево за учебната 2017/2018 година.
  4. Годишна програма за работа на ООУ „Атанас Нивичански“ Нова Маала за учебната 2017/2018 година.
  5. Годишна програма за работа на ЈОУДГ „Прва радост“ Василево за учебната 2017/2018 година.
  6. Донесување на Одлука по известувањето на Министерството за труд и социјална политика за почетокот и завршетокот на работното време на ЈОУДГ „Прва радост“ Василево.
  7. Донесување на одлука по барањето поднесено од МЗ Владевци.
  8. Донесување на одлука по барањето поднесено од ЈОУДГ „Прва радост“ Василево за добивање согласност за прием на повеќе деца од проектираниот капацитет.
  9. Предлог-решение за разрешување и именување на член на Училишниот одбор на ООУ„Гоце Делчев“ Василево.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Интензивни градежни активности на училиштето во с. Седларци

naslov (1)

Во тек се интензивни градежни активности на училишната зграда во с. Седларци, која се реконструира со средства обезбедени од ЕУ фондовите преку Интеррег ИПА програмата за Прекугранична соработка меѓу Р.Бугарија и Р. Македонија. Деновиве комплетно е завршено поставувањето и фарбањето на термофасадата чии позитивни ефекти ќе се почувствуваат веќе со почетокот на новата грејна сезона.

Поставувањето на соларните панели со кои ќе се обезбедува топла санитарна вода и електрична енергија за потребите на училишната зграда и за рефлекторите на повеќенаменското игралиште е последната од низата планирани активности со кои ќе се заокружи целокупната реконструкција.

Во рамките на овој проект чиј работен наслов е „Воведување на обновливи извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност во Струмјани и Василево“, во училиштето во  Едрениково досега извршена е промена на целокупната стара столарија која е заменета со  нова ПВЦ енергетски ефикасна столарија. Печките на дрва со кои досега се загреваше училиштето заменти се со радијатори, па од престојанта грејна сезона училиштето ќе се загрева со систем за парно греење кој ќе работи на пелети.

Буџетот за сите овие активности изнесува околу 2 600 000 денари. Средствата се обезбедени од Интеррег ИПА програмата за Прекугранична соработка меѓу Р.Бугарија и Р. Македонија. Партнер на општина Василево во овој проект е општина Струмјани од Р.Бугарија.

Изведувач на работите е компанијата АНОЛ-ИМПЕКС од Скопје.

2

3

4

1

5

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Честитка по повод Денот на независноста на Република Македонија

P1010007

По повод 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија, градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов до своите сограѓани ја упати следнава честитка

Почитувани сограѓани,

Од мое лично име и од име на локалната самоуправа Василево Ви го честитам 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.
Успесите и резултатите постигнати во изминатиот период нека ни бидат двигател и  мотив повеќе кој ќе не инспирира и води кон нови успеси и победи.      Со леснотија да ги совладуваме поставените задачи и предизвиците кои ќе значат подобро и посигурно утре за сите нас.
Почитувани сограѓани, во оваа прилика, на сите Вас Ви посакувам успех на сите полиња.
Успехот на поединецот е успех на заедницата.
Нека ни е честит и вечен празникот.
Нека ни е вечна Македонија

           Со почит,

општина Василево
градоначалник,
Ванчо Стојанов

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Известување за консултации со јавност за УПВНМ с.Градошорци

Општина Василево ги известува правните и физичките лица дека се организира консултација со јавноста по Нацрт -извештајот на стратегиска оцена за влијанието врз животната средина за УПВНМ с. Градошорци, измена и дополнување , општина Василево.

img555

 

 

SEA – NACRT

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail