Author Archives: opstinaadmin

Новогодишни пакетчиња за првачињата

dsc_0046

Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, традиционално на првачињата од општина Василево им подари новогодишни пакетчиња. Со желби за добро здравје, успех во учењето и исполнување на сите детски желби,  градоначалникот Стојанов заедно со претседателот на општинскиот совет Драги Митев  им ги разубавија престојните Новогодишно-Божични празници на најмалите ученици – првачињата.  Преку песнички за Новата година, за зимата, за првиот снег….дечињата му посакаа среќна Нова година на градоначалникот и му се заблагодарија за подароците.

dsc_0019

dsc_0021

dsc_0028

dsc_0041

dsc_0042

dsc_0050

dsc_0055

dsc_0061

dsc_0063

dsc_0065

dsc_0067

dsc_0073

dsc_0088

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Донесен Буџетот на општина Василево за наредната 2017 година

dsc_0012

На денешната редовна 49-та Седница, Советот на општина Василево го донесе Буџетот за наредната 2017 година кој изнесува вкупно 224 010 000 денари. Основниот Буџет пак изнесува 130 900 000 денари. Образложение за Буџетот даде градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.  Советниците од СДСМ и НСДП  по овој предлог гласаа воздржано. Воздржано гласаа и за Финансиските планови на детската градинка и  двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ и „Атанас Нивичански“ , Програмата за работа на ЈПКД „Турија“ и Предлог-одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево за 2017 г.

На оваа седница Советот ги усвои и предложените програми за работа на општинските инспектори за: образование, за даноци и такси, градежниот инспектор  и инспекторот  за комунални работи за наредната 2017 година. Со одлука на Совет на денешната седница, на ЈПКД „Турија“ од Василево  на користење и управување му е пренесен водоснабдителниот систем за с. Требичино.

Советниците донесоа и три одлуки за доделување финансиска помош на тројца граѓани од општина Василево.

dsc_0013

dsc_0002

dsc_0004

dsc_0009

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Свечена седница на Советот на општина Василево

o-vasilevo

По повод 20 годишнината од основањето на општина Василево, во петок, 16.12.2016 година, со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе одржи свечена Седница.

Седницата ќе се одржи во салата на хотелот „Мис Стон“ во Василево.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ја одржа 48-та седница

dsc_0758

Едногласно,  на вчера одржаната  48-ма седница, беа донесени две нови одлуки за реализација на проекти кои ќе значат развој на општина Василево.  Финансиско учество на општина Василево  во изработка на техничка документација за водоснабдување на населените места Требичоно и Дукатино и финансиско учество на општина Василево  во изградбата на дел од локалниот пат Чанаклија Нова Маала, се двете предлог-одлуки кои по образложението дадено од градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, беа едногласно донесени.

Со вкупен износ од 80 000 денари општина ќе учествува во изработката на техничката документација за водоснабдување на Требичино и Дукатино – проект за кој 800 000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој.

Финансиското учество на општина Василево во изградбата на локалниот патен правец Чанаклија – Нова Маала изнесува 1 800 000 денари, додека поголемиот дел од средствата односно 8 000 000 денари општината ги обезбедеи од  Бирото за регинален развој.

„Реализацијата на овие два проекти е во насока на континуираниот развој на општина Ваилево“, е ставот на предлагачот на одлуките – градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.

dsc_0760

dsc_0763

dsc_0765

dsc_0758

dsc_0767

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 48-ма седница на Советот на општина Василево

dscn5467

Во понеделник, 12.12.2016 година, со почеток во 15,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 48-ма седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-одлука за сопствено учество на општина Василево во проект за изработка на техничка документација за водоснабдување за населените места Требичино и Дукатино.
  2. Предлог-одлука за сопствено учество на општина Василево во проект за развој на патната инфраструктура преку изградба на дел од пат помеѓу населените места Чанаклија и Нова Маала.

Седницата ќе  се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Новогодишно-Божиќен турнир во мал фудбал, Василево 2016-2017

dsc_0754

По повод Новогодишно-Божиќните празници, во организација на ФК „Василево“, а под покровителство на општина Василево, се организира традиционалниот Новогодишно-Божиќен турнир во мал фудбал.

Пријавувањето на екипите е во тек и ќе трае до 15.12.2016 година до 18,00 часот. Котизацијата за учество е 5 000 денари, а вкупниот награден фонд изнесува 200 000 денари. Турнирот ќе започне на 16 декември 2016 година. Натпреварите ќе се играат во спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево. Заинтересираните екипи  подетални информации може да добијат кај лицето за контакт Александар на  телефонскиот број 072 277 187.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Обезбедени средства за асфалтирање на дел од патот Чанаклија – Нова Маала

dsc_0665

Општина Василево, преку Ценатрот за развој на Југоисточниот плански регион обезбеди средства за асфалтирање на еден километар од локалниот пат Чанаклија – Нова Маала.  Според информацијата од градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, на денешната 24 седница на ЦРЈИПР одлучено е средствата кои Центарот ги обезбеди преку  Бирото за регионален развој да бидат наменети за асфалтирање на локалниот пат Чанаклија  – Нова Маала. Станува збор за сума од 8 000 000 денари,  а остатокот до неопходните 9 700 000 денари односно средства во висина од 1 700 000 денари општината ќе ги обезбеди од сопствените приходи. Вкупната должина на овој локален пат е 3,9 км,  од кои досега се асфлтирани 1 км а изграден е и еден мост.

„Асфалтирањето на овој пат има посебно заначење за општина Василево не само поради тоа што општината се поврзува со соседните општини Босилово и Струмица, туку и поради урбанизација на површините на потегот  Чанаклија – Нова Маала“,  потенцира градоначалникот Стојанов.

dsc_0661

dsc_0665

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево ќе биде дел од манифестацијата „Македонија во ритамот на Европа“, 2017

dsc_0637

Општина Василево е една од дваесетте општини од Р.Македонија избрани да бидат учесници во дипломатско детската манифестација „Македонија во ритамот на Европа“, која е поддржана од амбасадорите на Европа и Европската Унија. По тој повод,  денес, градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов,  оствари средба со директорот и извршниот директор на „Црна Гора во ритамот на Европа“ г-дата Давид Макевич и Игор Карадаревич на која подетално беше запознат со обврските на општината во подготовките на нејзиниот претставник. Целта на манифестација „Македонија во ритамот на Европа“, е поттикнување, развивање, препознавање и зачувување на младите таленти, промоција на интеркултурализмот, толеранција, рамноправност на полови, почитување на човековите права, различностите, соработка и доживотно учење. Манифестацијата секоја година се одржува во земјата победник од претходната година. Во 2017 година ќе се одржи во Скопје. Децата кои ќе ја претставуваат својата општина, ќе се претстават со изведба на јазикот на земјата чии амбасадор ќе биде определен за соработка со конкретната општина. Манифестацијата има натпреварувачки карактер. Децата победници ќе ја посетат земјата чија што Амбасада ја претставувале на натпреварот. Децата од општина Василево ќе се натпреваруваат со децата од општините: Охрид, Јегуновце, Битола, Куманово, Прилеп, Штип, Кочани, Гостивар, Дојран,  Кичево, Велес, Кавадарци, Свети Николче, Дебарца, Радовиш, Новаци, Крива Паланка, Делчево и градот Скопје. Децата учесници во манифестацијата ќе бидат избрани по пат на аудиција. Манифестацијата ќе се пренесува на Македонската радио телевизија.

Организацијата на манифестацијата Македонија во ритамот на Европа, годинава  ја поддржуваат Министерството за локална самоуправа заедно со Секретаријатот за европски прашања.

dsc_0633

dsc_0641

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Одржана 47-та седница на Советот на општина Василево

dsc_0728

Денес, Советот на општина Василево ја одржа редовната 47-ма седница  на која беа усвоени сите предлози од дневниот ред. Исклучок беше Предлог-одлуката за давање согласност за легализација на бесправно изградени објекти на земјиште на општина Василево  к.п бр. 1858/1 во КО Ангелци, која  на предлог од претседателот на Советот, г-дин Драги Митев, беше изземена од дневниот ред. Во образложението за предлогот за  изземање на точката од дневен ред, претседателот на Советот нагласи дека тоа е по сугестија на општинската администрација.

Едногласно, советниците ги донесоа Пограмата за управување со отпад на територијата на општина Василево за 2017 година,  Програмата за активностите на општина Василево во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справување со кризи во 2017 година и Програмата за работа на Советот на општина Василево за 2017 година. Едногласно беше донесена и одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект, викендица на к.п бр. 931/3 во КО Василево, како и две барања за финансиска поддршка. Советниците одлучија со по 20 000 денари да им се помогне на едно физичко лице за лекување и на ЛД „Фазан“ од Василево.

dsc_0731

dsc_0732

dsc_0737

dsc_0741

dsc_0743

dsc_0746

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 47-ма седница на Советот на општина Василево

dscn5467

Во вторник, 29.11.2016 година, со почеток во 13,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 47-та седница. За работа на седницата предчлошен е следниот дневен ред:

1. Предлог-програма за управување со отпад на територијата на општина Василево за 2017 год.

2. Предлог-програма за активностите на општина Василево во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справување со кризи во 2017 година.

3. Предлог-програма за работа на Советот на општина Василево за 2017 година.

4. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект, викендица на к.п бр. 931/3 во КО Василево.

5. Предлог-одлука за давање согласност за легализација на бесправно изградени објекти на земјиште на општина Василево к.п бр. 1858/1 во КО Ангелци.

6. Донесување на одлука по барањето поднесено од ЛД „фазан“ од Василево.

7. Донесување на одлука по барањето поднесено од Цеков Туше од с. Седларци.

Седницата ќе се одржи вопросториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail