Author Archives: opstinaadmin

Честитка од градоначалникот на општина Всилево по повод почетокот на рамазанските пости

DSC_0885

Градоначалникот на општина Василево. г-дин Ванчо Стојанов, по повод почетокот на Рамазанските пости, упати честитка до своите сограѓани, припадници на исламската вероисповед.

„Рамазан претставува сила на секој верник, месец во кој секој би требало да го отвори срцето како би можело во него да влезе светлината на верата која ќе ве води само кон создавање нови дела.

Празникот Рамазан е најдобра можност да се сврти нова страница во животот, нова страница во заедницата и општеството во кое живеете, но и добра можност да бидете посебни еден кон друг во семејството, но и кон самите себе“ вели градоначалникот Стојанов во честитката.

„Дозволете ми од мое лично име и од име на нашата и Ваша општина Василево да Ви упатам честитки по повод почетокот на најсветиот месец – Рамазан и да Ви посакам деновите на овој месец да ги поминете во мир и благосостојба во Вашите семејства и домови. Нека овој празник биде поттик за зачувување на универзалните вредности за мир, благосостојба, за меѓусебно помагање и почитување на човечките вредности, кои ќе придонесуваат за подобро утре и наша заедничка иднина“ – им посака градоначалникот на општина Василево на своите сограѓани од исламска вероисповед,  во честитката по повод почетокот на Рамазанските пости.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Спасовденскиот турнир влегува во завршница

pehari

Турнирот во мал фудбал Спасовден 2016 година, што по повод Христијанскиот празник Спасовден се одржува во с. Ангелци е во својата завршница. Денес и утре, на повеќенаменското игралиште во с. Ангелци ќе се одиграат полуфиналните и финалните натпревари. Четирите најдобри екипи кои останаа да се бораат за титулата најдобри се: Ван Ком Бориево, Доне Банско, Владе Банско  и Златно зрно.

Вечерва  со почеток во 21,00 часот, во полуфиналето,  силите ќе ги одмерат Ван Ком Бориево и Доне Банско, а во 22,00 часот екипите на Владе Банско и Златно зрно. Победниците од овие два натпревари ќе ја дадат двојката која во финалето ќе се бори за првото место, а нивните поразени ривали ќе ги одмерат силите за третото место. Финалните натпревари ќе се одиграат утре (вторник), 07.06.2016 година со почеток 21,00 и 22,00 часот.

Турнирот во мал фудбал Спасовден се одржува втора година по ред а организатор е општина Василево.

13241169_274525429602208_9120356765052203882_n

13310454_276280909426660_2763340002203647509_n

13310559_276278712760213_626305242848676476_n

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Наградени ученици-спортисти на прием кај градоначалникот

DSC_0863

Ученици-спортисти од ООУ „Гоце Делчев“ кои учествувале и освоиле награди на државните спортски игри и натпревари, денес беа примени од градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.

Наградените одбојкари и атлетичари заедно со нивната наставничка Алма Хасанова во кабинетот, со градоначалникот ги споделија своите искуства од натпреварите, своите идни планови и желби. Задоволни од постигнатите резултати, 3-то место на државното првенство во одбојка за машки  и 3-то место во атлетика – штафета 4х100 метри, машка конкуренција,  ветуваат дека во наредната година ќе постигнат уште подобри резултати.

Од постигнатите резултати задоволен е и градоначалникот на општината, г-дин  Ванчо Стојанов од кој учениците добиваат континуирана поддршка во сите нивни активности и проекти.

„Овие ученици допринеле за промоција не само на училиштето „Гоце Делчев“ туку и за промоција на  општина Василево. Општината во изминатиот период вложуваше во развој на спортската инфраструктура за да може младите генерации да го популаризираат спортот и активно да се бават со спорт. Постигнатите резултати на овие ученици зборуваат дека имаме добри спортисти и дека досегашните вложувања ја постигнаа целта“ изјави градоначалникот при денешната средба со учениците.

Директорката на училиштето г-ѓа Емилија Котева, која исто така присуствуваше на денешниот прием, во знак на благодарност за постигнатите резултати со кои овие ученици го афирмираат училиштето им додели благодарници.

DSC_0827

DSC_0829

DSC_0830

DSC_0832

DSC_0850

DSC_0825

DSC_0854

DSC_0864

DSC_0868

DSC_0860

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево обезбеди средства за изградба на мост на Сушевски порој

3

Општина Василево од Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа обезбеди средства за изградба на мост на Сушевски порој. Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, вчера, го потпиша Договорот според кој, Бирото за регионален развој, на општина Василево и доделува вкупно 1 103 949 денари, по претходен јавен повик за проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби  и за развој на селата за 2016 година.

Обврската за распишување на тендерот и изборот на фирма изведувач на градежните активности е на општина Василево  и како што информираше градоначалникот Стојанов веќе во текот на маредната недела ќе биде објавен јавниот повик.

Мостот ќе биде изграден во горниот дел од селото, со што ќе се овозможи целосно поврзување на жителите од Сушево од едната и од другата страна на поројот.

Активностите на поројот се одвиваат според планираната динамика. „Повеќе од 50% од работите за изградба на поројот се завршени, истовремено се работи и на улицата која е покрај самиот порој па со изградбата на мостот Сушево ќе добие комплетно нов лик и целосно подобрени услови“, изјави градоначалникот Стојанов кој смета дека сите овие активности целосно ќе бидат завршени до втората половина на месец септември, односно до Мала Богородица, празникот  на село Сушево.

2

DSC_0477

DSCN9645

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општината изготвува проект за реконструкција на Домот на културата во Василево

DSC_0661

Изработка на проектна документација за основен проект за реконструкција на Дом на културата во Василево  е една од тековните активности кои во моментот ги презема општина Василево а чија крајна цел е целосна реконструкција на објектот. Од неговата изградба во 1950 година,  правени се делумни реконструкции со кои се опфатени дел од просториите но не и целиот објект.

Вкупната површина на објектот изнесува околу 700 м2 . Големината на објектот и бројот на просториите овозможуваат одржувње на повеќе настани и активности и негова искористеност од повеќе субјекти. Во моментот во овој објект сместени се канцелариите на ЈПКД „Турија Василево“, библиотеката  како и канцеларијата  на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Објектот располага и со две сали од кои една  голема чија намена е одржување на културно-уметнички настани и помала, конференциска сала, која ја користи Советот на општина Василево за одржување на своите седници. Дел од просториите во моментот се неискористени.

„Изготвувањето на техничката документација е само прв чекор во целата постапка која ќе следи во иднина. Тоа е фаза после која ќе следи обезбедување на средства за реконструкција, реконструкција и ставање во функција на сите простории односно негово комплетно искористување“ – е ставот на градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов кој смета дека  не само овој туку и сите други вакви објекти кои во населените места се изградени пред педесетина и повеќе години, треба да се одржуваат, како би можеле максимално да бидат искористени од граѓаните.

DSC_0658

DSC_0660

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Реконструкција и проширувње на водоводната мрежа во Н.Маала

DSCN9625

Во населеното место Нова Маала, ЈПКД „Турија“  Василево деновиве врши реконструкција и проширување на дел од водоводната мрежа. Според информацијата од јавното комунално претприја реконструкцијата се врши на деловите од мрежата каде поради дотраеност почесто се појавуваат дефекти,  поради што старото се заменува со ново црево. Паралелно со тоа се врши и проширување на мрежата со што ќе им се овозможи на дел од домаќинствата кои досега не беа приклучени да се приклучат на водоводот истовремено стварајќи услови и за изградба на нови куќи во делот од селото каде се врши проширувањето.

Вкупната должина на водоводната мрежа која е предмет на работа, реконструкцијата и проширувањето,  е околу 400 метри а средствата се обезбедени од општина Василево.

Според информацијата добиена од градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, грижата на општината за своите граѓани во оваа област не застанува тука.  Деновиве општината ќе отпочне постапка за јавна набавка за изготвување на техничка документација за доградба и реконструкција на филтер станицата во Доброшинци,  за што средствата се веќе обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање преку Програма за инвестирање во животната средина.

DSCN9626

DSCN9637

DSCN9639

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Се одржа планинарскиот марш По патеките на Мис Стон

DSCN9517

Повеќе од двеста граѓани, претежно планинари и љубители на природата, вчера, учествуваа во петиот по ред планинарски марш „По патеките на Мис Стон“ што под покровителство на општина Василево го организираше планинарското друштво Маратон од Струмица.   Маршот е инспириран од историскиот настан познат како аферата Мис Стон.Учесниците во маршот се движеа по патеката по која во 1902 година, американската мисионерка Мис Елен Стон се движела кон своето ослободување. Тоа е патеката по која од с. Нивичино каде што била чувана како заробеник Мис Стон  била пренесена во с. Градошорци- местото каде била разменета односно ослободена.

Должината на оваа патека е околу 12 км, почетокот е на брана Турија а целта дворот нацрквата св. Илија во с. Нивичино, каде од страна на организаторот се подготвува заеднички ручек за сите учесници.

Маршот По патеките на Мис Стон е своевидно навраќање кон историјата и настаните кои се случиле токму овде но и  промоција на природните убавини со кои располага општина Василево.

DSCN9507

DSCN9509

DSCN9522

DSCN9532

DSCN9538

DSCN9553

DSCN9560

DSCN9569

DSCN9575

DSCN9586

DSCN9614

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започнува турнирот во мал фудбал во с. Ангелци

т1

Вечерва, со почеток во 20,00 часот,  во с. Ангелци ќе започне ноќниот турнир во мал фудбал „Спасовден“  2016 година, што во организација на општина Василево а по повод Христијанскиот празник Спасовден се одржува втора година по ред. Натпреварите ќе се играат на повеќенаменското игралиште во с. Ангелци.

За учество во турнирот пријавени се вкупно 17 екипи, распоредени во четири групи, кои во наредните петнаесетина денови ќе се натпреваруваат за титулата најдобри и освојување на победничкиот пехар.

Составот на групите е следен:

А-група: Владе Банско, Рипром Ангелци, ФК Бунарџик и Зоки Радовиш;

Б-група: Ван Ком Бориево, Добрашинци, ФК Василево и Лали Алу Василево;

В-група: Доне Банско, Дело Транс, Берлик Струмица и Александар пицерија и

Г-група: Џајо Струмица, Шонтеви, Добрејци Таки, Иловица и Златно зрно.

Синоќешното ждребање одреди екипите на Владе Банско  и  Рипром да го отворат турнирот. Во првата натпреварувачка вечер ќе се сретнат и екипите на:  Зоки Радовиш и Владе Банско со почеток во 21,00 часот и во 22,00 часот Дело Транс – Пицерија Александро.

Вкупниот награден фонд на турнирот е 75 000 денари.

Ќе бидат доделени награди за прво, второ, трето и четврто место екипно како и за најдобар голман, стрелец и играч.

Финалните натпревари ќе се одиграат  во среда, 08.06.2016 година, ноќта спроти Христијанскиот празникот Спасовден, селската слава на жителите од с. Ангелци.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Паркот во Градошорци комплетно завршен

DSC_0491

Деновиве заврши комплетната изградба на паркот во населеното место Грдошорци, кој заради местоположбата има значење не само за жителите на ова населено место туку и за  жителите на населените места Едрениково, Требичино, Градошорци, Седларци, Ангелци и Вељуса. Паркот е лоциран токму меѓу патиштата кои водат за овие населени места, во близина на Домот на културата во Градошорци.

„Изградбата на овој парк значи подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните.  Се надевам дека ќе си го најде своето место во секојдневието на поголем број граѓани поради неговата фреквентна местоположба“ изјави градоначалникот на општина Василево г-ди Ванчо Стојанов кој очекува  граѓаните добро да се грижат за овој простор бидејќи истиот е заедничко катче за одмор и рекреација на сите граѓани.

Вкупнаат површина на паркот изнесува околу 350 м2, уредени во форма на амфитеатар, опремени со урбана опрема, клупи и канти за отпадоци, бехатонски патеки и зелени површини. Осветлувањето со канделабри му дава дополнителна убавина и можност за релаксација и во ноќните часови.

Средствата за оваа инвестиција во висина од околу 750 000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој преку  Програмата за развој на селата.

Изведувач на целокупните активности беше фирмата Евроградба  Инженеринг од с. Владиевци

DSC_0478

DSC_0488

park 1

park3

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општината Василево потпиша договор за асфалтирање на две нови улици

DSC_0721

Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов потпиша договор за изградба на две улици во општина Василево, по една во населените места Василево и Владевци. Средствата за изградба на овие улици се обезбедени преку Министерството за финансии, како грант од Светска банка.

„Се работи за улица во населено место Василево односно од центарот на Василево до хотелот Мис Стон со должина од околу 660 метри, со ширина од 5,5 метри и по 1,5 метар пешачка патека од двете страни. Улицата ќе биде со атмосферска канализација.  Потпишавме договор и за иградба на улица во Владевци, која е во должина од околу 240 метри, ширина од околу 4 метри и банкини од двете страни по половина метар. Заради конфигурацијата на теренот и премостување на атмосферскиот канал таму ќе се гради и еден армирано бетонски пропуст. И оваа улица е со атмосферско одводнување“, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.

Висината на грантот изнесува околу 260 000 евра, но како што појасни Стојанов со овие средства треба да биде изграден и еден крак од  фекалната канализација во Ангелци, проект за кој општината допрва треба да потпише договор со  Министерството за финансии.

Градежните активности на двете улици треба да започнат во почетокот и средината на месец јуни и комплетно да бидат завршени во текот на оваа градежна сезона.

Изведувач на  работите е градежната компанија Гранит.

DSC_0708

DSC_0711

DSC_0713

DSC_0716

DSC_0718

DSC_0726

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail