Author Archives: opstinaadmin

Честитка по повод Рамазан Бајрам од градоначалникот на општина Василево Славе Андонов

naslov

„Во мое име, и во име на локалната самоуправа на Василево, на сите граѓани од исламска вероисповед им го честитам Рамазан Бајрам. Ви посакувам добро здравје, среќа, љубов, меѓусебна почит и разбирање“, стои во честитката која преку социјалните медиуми но и лично по утринската молитва, им ја упати градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов на верниците од муслиманска вероисповед.

„Рано утрово во џамијата во Василево, веднаш по утринската молитва со која верниците од муслиманската веросиповед го започнаа тридневното одбележување, ги потсетив на моите постулати на милост, солидарност, добра мисла, почит кон различниот, нешта кои одамна се негуваат на овие наши простори. Таа добра мисла ни помага да напредуваме заедно кон заедничка иднина и како ,,мостови на соживот“ треба да им се пренесуваат на помладите генерации, стои во ФБ објавата  https://www.facebook.com/vasilevo24 на градоначалникот Андонов.

8_1024x768 9_1024x768 11 22 33 44

3_576x768 5_576x768 6_576x768

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Генералка викенд 2024 во општина Василево

generalka vikend

Годинава општина Вaсилево, за прв пат  ќе биде дел од еко активноста Генералка викенд 2024 која ќе се спроведе во недела на  19.05.2024 г.

Акцијата е во организација на Man and Mountain (Мен енд маунтен), која три години  по ред успешно ја спроведува оваа масовна еколошка акција со вклученост на голем број институции, граѓани и компании.

Во октомври, минатата година, претставници од Мен енд маунтен беа на средба со градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, каде писмено се обврзаа за реализација односно вклученост на општина Василево во акцијата.

Главното поле на активности на Мен енд Маунтен е организирање еколошки настани и акции со вклученост на зедницата чија цел е подигање на свеста на сите општествени слоеви за тоа дека нашата земја, нашата околина може да стане подобро место за живеење, нешто кое  зависи само од нас самите.

generalka vikend

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Заврши реконструкцијата на главниот колектор на системот за фекална канализација за Ангелци, Градашорци и Василево

naslov

Општина Василево ја заврши реконструкцијата на главниот колектор на системот за фекална канализација на населените места Ангелци, Градашорци и Василево.

Целосно се санирани трите шахти кои практично  беа причината која го оневозможуваше нормалното функционирање на целиот систем. Според информацијата од градоначалникот на општина Василево Славе Андонов истовремено е тампониран и патот во овој дел од Василево со што се подобрени условите за граѓаните кои секојдневно го користат.

„Заврши реконструкцијата на главниот колектор на фекална канализација за населените места Ангелци, Градошорци и Василево! Ова е проблем кој се таложел со години и за жал моите претходници не се нафатиле да го решат. Во исто време се тампонира и патот во овој дел на Василево,кој беше во катастрофална состојба, напиша по тој повод градоначалникот на општина Василево Славе Андонов на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24.

Реализацијата на овој проект ќе овозможи домаќинствата кои се наоѓаат на потегот од Домот на културата до економскиит субјект 11 Септември во Василево, да може конечно да се приклучат на системот на фекална канализација.

Должината на главниот колектор изнесува околу 4,5 км и истиот е изграден во 2014 година со средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски од Европската инвестициона банка за Проект за водоснабдување и одведување на отпадни води.

1_576x768 2_576x768 3_576x768

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Еко акцијата „Чисти ридови за сите“, успешно реализирана

1_1024x768

Општина Василево масовно се вклучи во еко акцијата „Чисти ридови за сите“, која во организација на ВК „Актив“ од Струмица се спроведе четврта година по ред.

Вработените во локалната самоуправа, јавните институции и установи  заедно со учениците и овој пат на дело покажаа дека заеднички  и со добра организација успешно може да се собере отпадот направен од несовесните сограѓани.  Покажаа една поинаква, поубава слика на чиста општина Василево со  тревници и јавни површини без отпад и секакво ѓубре.

Годинава акцијата се спроведе во сите населени места, каде волонтерите ги исчистија јавните површини, притоа праќајќи недвосмислена порака за тоа како треба да изгледа нашата околина и грижата за планетата Земја.

Собраниот  смет беше наполнет во вреќи и транспортиран до соодветните локации од страна на ЈПКД „Турија“, Василево.

433426844_436449132109804_8607826342655711955_n_1024x768

2_432x768 3_1024x768 4_1024x768 5_576x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Саниран патот кон големото фудбалско игралиште во с.Василево

3_1024x768

Општина Василево изврши целосно рамнење и уредување на полскиот пат што води кон големото фудбалско игралиште во с. Василево. По неодамнешната дислокација на дивата депонија  која се простираше на површина од околу  20 декари со оваа активност  ова е следната активност со која оваа површина и целиот простор во овој дел од полето се враќа во природна состојба.

Според информација од градоначалникот на општин Василево, Слаев Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24, на старата депонија во с. Василево,која се користела пред 15-тина години, уреден е соодветен простор каде што граѓаните ќе може да го фрлаат отпадот.

„Патот од големото фудбалско игралиште во Василево до депонијата е целосно израмнет.

Уреден е соодветен простор на старата депонија за отпад, која се користеше пред 15 години а во исто време пробиен е и пат до истата депонија. Ги известуваме граѓаните на Василево отпадот да го фрлаат на утвреденото место односно на старата депонија, која е соодветно уредена“. Граѓаните кои нема да го почитуваат ова укажување, како што информира Градоначалникот ќе се соочат со казни согласно важечките закони.

„Ретко кој веруваше во реализацијата на овој проект,но сведоци сме дека повеќе не постои дивата депонија, а во исто време е уреден простор на местото на старата депонија“, стои во објавата на Градоначалникот.3_1024x768 6_1024x768 4_576x768 2_355x768 1_355x768

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево дел од акцијата „Чисти ридови за сите“

cisti_ridovi

Во недела, на 31-ви март 2024 година со почеток во 10,00 часот ќе започне акцијата „Чисти ридови за сите“, во која активно ќе се вклучи и општина Василево.

Локациите на кои ќе се спроведе акцијата во општина Василево се јавните површини во сите населени места. Традиционално во акцијата  ќе се вклучат вработените  во ЈПКД „Турија“, Василево, вработените во воспитно образовните институции, учениците,  вработените во локалната самоуправа кои воедно се и координатори на акцијата, како и сите граѓани од населените места кои имаат отворена покана за активно учество во акцијата.

Обезбедени се вреќи за собраниот отпад кој потоа со возила на комуналното претпријатие ќе биде транспортиран и одложен до соодветна локација.

cisti_ridovi

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Граѓаните на с. Василево може да се приклучуваат на новоизградениот крак за фекална канализација, К1

kanalizacija

Во с. Василево заврши изградбата на кракот од фекалната канализација К1 кој се протега покрај улицата покрај Домот на културата и истиот е подготвен за приклучување на домаќинствата.

Должина изнесува 753 метри, а Буџетот за неговата изградба во висина од 3 257 961 денари општината го обезбеди од сопствените извори на приходи. Цената за приклучување изнесува 16 000 денари а заинтересираните граѓани за склучување на Договор треба да се обратат во ЈПКД „Турија“ во чија надлежност е оваа дејност

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов задоволството од финализирањето на овој капитален проект го сподели преку својот ФБ профил:

„Убава вест за граѓаните на населеното место Василево. Сите заинтересирани граѓани кои живеат во делот од Василево каде се изгради фекалната канализација К1 може да бидат приклучени на канализацијата. Ако до пред две години во Василево немаше изградено ниту еден метар фекална канализација, заврши изградбата и на вториот крак, К1 и тоа во ситуација кога општината е во најтешката финансиска состојба од своето постоење. Секој метар фекална канализација во Василево е долгоочекуван и неопходен за секојдневното живеење на граѓаните. Посветено работиме повеќе да нема излевање на септичките јами а со тоа ќе се заштити животната средина“, информираше градоначалникот Андонов, кој ги најави и следните активности со кои ќе се подобруваат инфраструктурните услови за граѓаните.

После завршувањето на приклучувањето на системот за фекална канализација планирано е асфалтирање на улицата покрај Домот на културата која беше раскопана заради активностите на изградба на овој крак. Градоначалникот го најави и стартот на изградбата на  фекална канализација во с. Василево и тоа еден крак кон црквата Успение на Пресвета Богородица и еден крак покрај отворениот канал.

Според годишниот извештај на ЈПКД „Турија“, Василево кое управува и стопанисува со системот за фекална канализација,  до 31.12.2023 година, на канализационите мрежи во с.Ангелци с.Пиперево, Едерниково и дел од Градашорци и индустриска зона Василево, приклучени се вкупно 311 субјекти.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Соопштение за јавен увид на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план во КО Ангелци

LOGO-Opstina-Vasilevo-horz

Општина Василево организира јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на линиски инфраструктурен објект со намена Е1.8 – Новопланиран среднонапонски подземен кабелски вод 10(20)kV за поврзување на новопланирана трафостаница 10(20)kV на КП 1414 со постоен воздушен 10kV вод на КП 1817, КО Ангелци, општина Василево. Јавниот увид ќе трае 15 дена, започнувајќи од 27.03.2024 год. и ќе трае до 10.04.2024 год.

Анкетен лист
Соопштение за јавен увид
Урбан. решение

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Реконструкција на главниот колектор на системот за фекална канализација во Василево

4_1024x473

Локалната самоуправа Василево тековно работи на реконструкција на главниот колектор на системот за фекална канализација за населените места Ангелци, Градашорци и Василево.  Според информацијата од градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, по направениот увид на главниот колектор констатирано е дека три од шахтите се во многу лоша состојба и истите создаваат проблем во нормалното функционирање на целиот систем.

„Ова е проблем кој се таложел со години и за жал моите претходници не се нафатиле да го решат. Направивме увид во градежните работи за реконструкција на главниот колектор. Активноста опфаќа реконструкцијата на три шахти, кои беа во многу лоша состојба и кои создаваа проблеми во нормалното функционирање на системот на фекална канализација во трите населени места“,ја сподели информацијата преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникопт Андонов.

По завршувањето на реконструкцијата според информацијата од Андонов, домаќинствата кои се наоѓаат на потегот од Домот на културата во Василево до економскиот субјект 11Септември во Василево ќе може да се приклучат на системот за фекална канализација.

1_355x768 2_576x768 3_1024x768 5_1024x473

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дечињата од градинката и посакаа добредојде на пролетта

1_1024x768

Дечињата од детската градинка „Прва радост“, Василево, денес, со прошетка низ Василево, заедно со нивните воспитувачки,  го најавија доаѓањето на пролетта.

Маскирани во боите на пролетта, нивните омилени јунаци и кокичињата кои  први ја најавуваат пролетта, веста за нејзиното доаѓање ја споделија и со градоначалникот на општината Славе Андонов, кој им посака  секој ден да им биде среќен и весел, токму како денешниот.

Детските насмевки и смеата беа потврда дека вистински уживаат во денешната улога- весници на пролетта.

2_1024x768 3_1024x768 4 4_1024x768 6_1024x768 7_1024x768 8_1024x768 9_1024x768 10_1024x768 11_1024x768 12_1024x768

 

DSC_0651_1024x681 DSC_0676_1024x681 DSC_0699_1024x681 DSC_0712_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail